Колачиња со чоколадо и чили

Инките биле големи љубители на комбинацијата од чили и чоколадо, а во денешно време можете да најдете разни рецепти за чоколадни колачиња со сочна текстура и чили, кој додава необичен „огнен“ вкус.

Колачиња со чоколадо и чили

Потребни состојки:

  • 200 г несолен путер
  • 170 г кафеав шеќер
  • 115 г шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 300 г брашно
  • 60 г какао
  • 1 лажичка цимет
  • ½ или 1 лажичка чили во прав (по вкус)
  • ½ лажичка сол
  • 100 г темно чили чоколадо (сечкано)

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење.
  2. Ставете ги путерот и шеќерот во еден голем сад и разбијте со миксер. Матете околу 5 минути.
  3. Додајте ги јајцата едно по едно. Матете со миксерот после додавањето на секое јајце.
  4. Додајте ги брашното, какаото, циметот, солта и чилито во прав. Мешајте додека не се формира густо тесто.
  5. Додајте го и сечканото чоколадо и добро измешајте. Со помош на лажица направете топчиња и поставете ги на хартијата за печење, оставајќи празно место меѓу секое топче. Користете влажна лажица за да го израмните врвот на колачињата.
  6. Печете 12-14 минути или сѐ додека колачињата не станат цврсти на краевите, а во средината треба да останат малку меки. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.

Погледнете го и овој рецепт за домашен сладолед од чоколадо без јајца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар