Колач од лимон и бадем без брашно: Сочен и мек десерт кој е совршено изненадување за целото семејство!

Овој колач ќе ве воодушеви уште од првиот залак со својот интензивно ароматичен вкус.

Колач од лимон и бадем без брашно: Сочен и мек десерт кој е совршено изненадување за целото семејство!

Потребни состојки:

  • 4 лимони
  • 250 г мелени бадеми
  • 6 големи јајца
  • 200 г шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги лимоните во сад и додајте им ладна вода која треба да ги залие.
  2. Покријте ги со капак и ставете на тивок оган да вријат 1 час.
  3. Потоа, тргнете ги од ринглата и оставете ги уште половина час покриени со капак.
  4. Загрејте ја рерната на 190 ᵒС, а потоа премачкајте го со путер калапот за торта со дијаметар од 20 или 22 см.
  5. Исечете ги лимоните на тенки парчиња и сомелете ги во блендер како пире.
  6. Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го пирето од лимон, а на крај смесата од мелени бадеми и прашок за печиво.
  7. Добро измешајте ја смесата со дрвена лажица, па истурете ја во подготвениот калап за печење и печете го колачот 20 минути.
  8. Потоа покријте ја тортата со фолија, намалете ја температурата на 180 ᵒС и печете го уште половина час до 40 минути, сè додека чепкалка за заби со која ќе го боцнете не излезе чиста.
  9. Оставете го колачот во калапот половина час да се излади.
  10. Потоа извадете го од калапот и оставете го да се олади целосно пред да го исечете на парчиња. Украсете го колачот по желба и уживајте во вкусот на овој неверојатен десерт.

Можеби сакате да дознаете и како се прават миризливи колачиња, брз и лесен рецепт за велигденски десерт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар