Која е најздравата интимна фризура за жените?

Која е најздравата интимна фризура за жените?

Одбирањето на интимната фризура не е само за естетика. Кога станува збор за срамните влакна, секоја жена има свој стил и нешто што преферира. Но кои од можните избори се најздрави?

Која е најздравата интимна фризура за жените?

Истражување од 2016-та година покажало дека е подобро да имате повеќе срамни влакна. Имено, во истражувањето биле испрашувани над 7.500 мажи и жени за нивното одржување на интимната фризура и се открило дека менувањето на природниот изглед го зголемува ризикот од сексуално-преносливи болести како херпес, гонореа и кламидија. Иако истражувањето е мало за да се донесе конечен заклучок, гинеколозите се сложни во ова.

„Вашите срамни влакна се таму за кожата околу вагината да биде заштитена, бидејќи тој дел од кожата е навистина чувствителен“, изјавила гинекологот Доника Мур.

Исто така, таа нагласила дека влакната се како штит од иритација или инфекција.

Професорката Џејн Минкин од Јејл нагласила дека не постојат цврсти докази дека еден стил е поздрав од друг, но и самата смета дека срамните влакна треба да останат природни.

„Нема многу податоци, но се претпоставува дека срамните влакна го спречуваат триењето и ги чуваат гениталиите од нечистотии. Со причина сме развиле влакна околу гениталиите.“

Но иако гинеколозите се согласуваат дека природниот изглед е најздравиот избор, постои еден проблем. Поради влакната, поголема е веројатноста да се заразите од срамни влошки. Доктор Мур сепак нагласува дека откако поголем број луѓе почнале да ги средуваат срамните влакна, бројот на случаи со срамни вошки драстично се намалил.

Дали знаете кои се интимните фризури што најмногу ги возбудуваат машките?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар