Зошто жените почесто заболуваат од депресија?

Над 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од депресија, а поголемиот дел од нив се жени. Се проценува дека бројот на луѓе со депресија само ќе се зголемува.

Зошто жените почесто заболуваат од депресија?

Помеѓу младото население на возраст од 14 до 25 години, постојат два пати повеќе депресивни девојки за разлика од машки. Научниците решиле да откријат која е причината за ова.

Анхедонијата, односно недостатокот од радост и уживање во активности кои некогаш ни причинувале задоволство, е еден од главните симптоми на депресивното нарушување. На невролошко ниво, анхедонијата претставува намалена активност во областа на мозокот која реагира на наградувањето.

Спроведеното истражување ни дава увид за тоа како половите разлики кај депресијата се манифестираат во мозокот. Имено, научниците откриле дека воспаленијата имаат влијание врз различни области на мозокот кај мажите и жените.

Испитаниците биле поделени во две групи – контролна, односно плацебо група и група на која ѝ дале ниска доза ендотоксин. Два часа подоцна, откако дејството на ендотоксинот било најсилно, на испитаниците им биле дадени задачи за кои требало да добијат парична награда.

Притоа, нивниот мозок бил набљудуван со магнетна резонанца. Мозокот на мажите, во делот кој реагира на наградување, се однесувал поразлично од мозокот на жените.

„Кај жените, ендотоксинот доведе до намалување на активноста на овој дел од мозокот, додека кај мажите ова не беше забележано“, изјавила професорката Наоми Ејзенберг.

„Ова покажува дека жените со хронични воспалителни нарушувања на мозокот се поподложни на развој на депресија од мажите“, додала авторката на истражувањето, доктор Мона Моиени.

Ова истражување е првото кое покажува дека машкиот и женскиот мозок реагираат различно во иста област, што пак има важна улога во развојот на депресијата.

Погледнете и кај кои жени постојат поголеми шанси за појава на депресија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар