Кои здрави намирници изобилуваат со кератин?

Кои здрави намирници изобилуваат со кератин?

Кератинот е протеин кој е неопходен за здрава кожа, цврста и сјајна коса како и силни и здрави нокти. Консумирањето на следните состојки можат да го зголемат нивото на кератинот во организмот.

Кои здрави намирници изобилуваат со кератин?

1. Јајца

Јајцата изобилуваат со биотин, хранлива состојка која е дел од синтезата на кератинот. Така, едно варено јајце се содржат околу 10 микрограми од оваа хранлива материја. Освен тоа, протеинот кој се содржи во јајцата го поттикнува производството на кератин.

2. Кромид

Кромидот е одличен избор кога станува збор за кератинот. Овој зеленчук изобилува со N-ацетилцистеин, растителен антиоксиданс кој организмот го претвора во амино-киселина позната како L-цистеин, една од компонентите на кератинот. Кромидот е богат и со фолати кои се неопходни за одржување здрави фоликули на косата.

3. Сладок компир

Слаткиот компир е особено богат со провитаминот А кој спаѓа во фамилијата каротеноиди. Така, бета каротенот кој е провитамин А се трансформира во витамин А во човековото тело. Витаминот А, од друга страна, е неопходен за здравјето на косата и кожата.

4. Манго

Ова тропско овошје не само што е богато со провитамин А туку изобилува и со витамин Ц и разноразни фолати.

5. Морков

Морковите се богати со провитамин А и витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген. Освен тоа, овој витамин помага и во зараснување на раните, го ублажува воспалението и штити од оштетување на кожата.

Откако прочитавте кои намирници изобилуваат со кератин, можеби ќе сакате да прочитате и кои видови намирници можат да придонесат за здрав раст на косата.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар