Што ќе ни донесе Венера во Лав од 11 август до 5 септември?

Што ќе ни донесе Венера во Лав од 11 август до 5 септември?

За разлика од Венера во Рак под чија енергија сакавме да бидеме опкружени со семејството, Венера во Лав ќе ни донесе поинаква енергија. Така, ќе имаме желба да посетуваме скапи ресторани и да ја покажеме нашата нова облека. Под нејзино влијание ќе бидеме смели, самоуверени и заводливи.

Што ќе ни донесе Венера во Лав од 11 август до 5 септември?

Оваа Венера сака да ѝ се восхитуваат и постојано сака нови комплименти. Најсреќна е кога сите погледи се насочени кон неа бидејќи таа е една и единствена. Оваа Венера сака да љуби и да биде љубена. За неа, доколку нема почит, нема ни љубов. Таа несебично ја љуби личноста која ја заслужила нејзината наклонетост, но очекува да биде возвратена нејзината љубов.

Додека Венера транзитира низ знакот Лав можеби ќе почувствуваме потреба да му се претставиме на светот во најдобро светло. Со други зборови, ќе сакаме да бидеме дотерани, убави, нашминкани и посебни.

Ова ќе биде време на ширење и привлекување љубов. Ќе нè привлекуваат моќта, гламурот и луксузот, па така големи се можностите дека вниманието ќе ни го привлече личност со висок статус и добра финансиска состојба.

Ова ќе биде и поволно време да уживате во љубовта, забавата, уметноста, креативноста, спортот, танцувањето и вашите хобија. Почестете се со романтична вечера, нова театарска претстава, блескав накит, скап парфем, ново парче облека или нова фризура.
Дружете се, забавувајте се и не откажувајте се ниту за миг од вашите соништа.

Откако прочитавте што ќе ни донесе Венера во Лав почнувајќи од денес, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе ни донесе полната Месечина во август.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар