Ако мислите дека секогаш ќе ви недостига минатото, прочитајте го ова

Ако мислите дека секогаш ќе ви недостига минатото, прочитајте го ова

Дали некогаш толку многу ви недостасуваат некои минати моменти што дури чувствувате болка? Во осамените часови постојано ги оживувате заедничките слатки моменти со некоја сакана личност, лудите авантури и истражувања на новите места, преспивањата под отворено небо и длабоките разговори до длабоко во ноќта.

Кога мислите дека секогаш ќе ви недостига минатото, прочитајте го ова

Би дале сè за да ги вратите тие моменти. Очајно барате нешта што ќе ја спречат болката од прифаќањето на промените во вашиот живот, едноставно бидејќи сите луѓе што сте ги сакале или се промениле, или ги нема повеќе. А не можете да обвините никого бидејќи животот е таков. Знаете дека присуството ќе биде заменето со отсуство, но сепак никогаш нема да бидете подготвени за чувството што доаѓа кога луѓето што ги сакате ќе ве напуштат.

Никој не вели дека не би требало да гледате назад. Сосема во ред е да се сеќавате на минатото бидејќи тоа е единствениот начин да ги одржите тие луѓе живи во вашето срце. Дури и една фотографија може да направи да ги слушнете нивните гласови, песна може да ве потсети на нивните насмеани лица, а некое место може да ви овозможи одново да ги почувствувате тие моменти.

Но, вистината е дека најчесто не ви недостасуваат моментите или луѓето, туку она што сте биле вие во минатото.

Понекогаш ние луѓето погрешно го толкуваме чувството на празнотија во нас. Кога се чувствуваме тажно обвинуваме надворешни фактори наместо да сфатиме дека ние самите ја создаваме тагата. Тоа е природна и нормална човечка реакција за преживување. Тогаш ќе си кажете дека премногу ви недостигаат луѓето и ќе почнете да барате начин да ги вратите, додека всушност вие не сте задоволни со личноста којашто сте сега. Кога ви недостигаат старите добри денови, тоа е знак дека не сте среќни со вашата ситуација во сегашниот момент.

Можеби сега живеете живот што не го сакате – сте ја напуштиле вашата страст, живеете според туѓите очекувања, разочарани сте од некои луѓе, или пак можеби очекувате премногу од животот.

Во овие моменти на носталгија, вашето внатрешно јас сака да ви каже дека нешто не е во ред со вашиот сегашен живот. Важно е да сфатите дека никој нема да ги врати тие позитивни чувства освен вие. Откријте што е она што прави да ви недостига минатото. Најдете луѓе кои можат да ви ја дадат истата, па дури и поголема среќа, најдете нови места што ве прават возбудени и најдете ја вашата вистинска страст за да има што да правите наместо да жалите за сегашниот живот.

Треба да бидете зафатени со создавање нови сеќавања сè додека не престанат да ви недостигаат старите. Запомнете дека ќе го живеете овој ден само еднаш во вашиот живот. Немојте да зажалите затоа што сте го поминале во минатото. Постојат илјадници луѓе кои чекаат да ја запознаат вашата верзија од иднината, а со некои од нив ќе имате навистина неверојатни сеќавања.

Јасно е дека е полесно да се каже отколку да се направи. Сите знаеме дека сеќавањата се удобна зона. Но потребно е да сфатите дека тие луѓе, оние коишто веќе си заминале, можат да живеат среќно без вас, а истото го можете и вие. Чувајте ги луѓето што ги сакате блиску до вашето срце, но не заборавајте го вашиот живот во овој сегашен момент.

Понекогаш носталгијата и не е толку лоша. Овие придобивки од неа коишто навистина ќе ве изненадат ќе ви го докажат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар