5 изненадувачки придобивки од носталгијата

5 изненадувачки придобивки од носталгијата

Во минатото носталгијата се сфаќала во негативен контекст и се поврзувала со одредена болка, односно момент кога личноста сака да се врати во некоја поранешна фаза од животот. Но, денес носталгијата се дефинира како сентиментален копнеж за своето минато, додека пак најновите истражувања покажале дека таа честопати има тенденција да биде убаво чувство. Доколку и вие редовно се соочувате со носталгични моменти, погледнете кои придобивки можете да ги имате.

1. Го подобрува расположението

Иако носталгијата може да предизвика негативни емоции како осаменост или тага, повеќето луѓе велат дека ја доживуваат како пријатно искуство. Всушност, носталгијата може да ви го подобри расположението на тој начин што ќе се фокусирате на она што сте го добиле, а не на она што сте го изгубиле. На пример, доколку ви недостасуваат вашите баба и дедо, присетете се на убавите моменти поминати со нив и бидете благодарни што сте ги доживеале. Иако постојат моменти што никогаш повеќе нема да ги искусите, или пак луѓе кои никогаш повеќе нема да ги видите, со носталгијата истите ќе ги оживеете во вашите спомени.

2. Прави повеќе да го вреднувате животот

Носталгијата честопати може да ви помогне на здрав начин да се справите со стравовите од смртта или други застрашувачки мисли. Таа може да биде особено корисна и за начинот на којшто размислувате за тешкотиите од минатото, потсетувајќи се како сте успеале да ја победите несреќата.

3. Ве поврзува со другите

Истражувањата покажале дека носталгијата најчесто е поврзана со одредени луѓе или места, како што се на пример пријателите од детството, одредени доживеани искуства, споделувани моменти со најблиските и слично. Сепак, несомнено е дека ова знае да биде и болно, посебно ако таа е поврзана со старо љубовно искуство.

4. Прави да ви биде потопло однатре

Се чини дека носталгијата не е само психичка, туку и физичка утеха. Во една направена студија истражувачите откриле дека по слушањето носталгична музика, учесниците чувствувале повеќе топлина.

5. Ја подобрува вашата иднина

Спротивно на идејата дека носталгијата ве остава заглавени во минатото, се чини дека таа ви помага пооптимистички да пристапите кон иднината. Ако се потсетувате на минатите убави работи, ќе сфатите дека работите имаат потенцијал да станат уште подобри. Сепак, важно е да се создаваат и нови спомени, затоа што некогаш токму овој ден може да биде изворот на носталгијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Teodora Reply

    Sekogas imate interesni sodrzini, sekoja cest…

Остави коментар