Ќе ве освојат на прв поглед: Додатоци за коса кои ќе ја одбележат сезоната есен/зима

Ако вашата секојдневна фризура веќе ви е здодевна, овие додатоци ќе ја направат поинтересна. Ќе ви требаат неколку минути за да создадете интересна фризура што ќе биде забележителна.

Фризерите и модните експерти го искажаа својот став и избраа неколку додатоци за кои предвидуваат дека ќе постигнат голем успех. Овие додатоци ќе ги гледате многу често за време на сезоната есен/зима.

Ви претставуваме неколку идеи што ќе ве инспирираат.

Лента за коса

Овој модел стана популарен ова лето, но ќе остане на врвот на листата и оваа сезона. Вашата фризура ќе изгледа многу интересно ако ја врзете косата во ниска пунџа и ако додадете лента како оваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JULIE SARIÑANA (@sincerelyjules) on

Марама и плетенка

Ваквата фризура носи допир на елеганција и женственост. Едноставен трик што ќе го комплетира целиот стајлинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allison Depriestre Makeup (@allisondepmuah) on

Шноли за коса

Овој тренд освои многу дами. Ставете неколку шноли и за момент ќе ѝ дадете посебен печат на вашата фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝙱𝚘𝚗𝚒𝚝𝚊 𝙰𝚌𝚌𝚎𝚜𝚘𝚛𝚒𝚎𝚜 (@bonitaaccs) on

Украси за коса

Овие додатоци веќе не се резервирани само за свечени пригоди. Ако ги прашате модните експерти, тие ќе ви одговорат дека овие украси можете да ги носите и во текот на денот во комбинација со поедноставни варијанти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saxar Accesories (@saxaraccesories) on

Сакате да бидете во тренд? Погледнете ги и овие одлични модели на капути во коишто можете да уживате есенва.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар