Ќе се изненадите: Овие 3 работи личат на љубов, но докажано е дека не се!

Постојат различни видови љубов. Со самото тоа постои и голема разлика помеѓу чувството на заљубеност и вистинската љубов, а тие два поими често се мешаат. Може да почувствуваме љубов кон нашата идеја за таа личност, а тоа е на некој начин идеализирање на партнерот. Од друга страна пак, вистинската љубов подразбира да ја сакаме личноста таква каква што е. Затоа е многу важно да ја разликуваме вистинската љубов од заљубеноста. Ако ги почувствувате овие 3 работи, тогаш вие НЕ сте заљубени.

1-kje-se-iznenadite-ovie-3-raboti-lichat-na-ljubov-no-e-dokazhano-deka-ne-se-www.kafepauza.mk_

1. Го сакате вашиот партнер поради начинот на кој тој прави да се чувствувате

Постои уште еден назив за чувствата, а тоа е „мали гадови кои нè водат до заблуди“. А што ви кажува тоа? Токму тие се криви за заљубувањето, и тоа наивно, непромислено и неискусно заљубување.

Поголемиот дел од она што го чувствувате е физиолошки одговор на физичките и психичките карактеристики на другата личност (начинот на кој сака, мисли, работи…). Физичката категорија е менлива. Изгледот на личноста се менува со текот на годините. И јасно е дека како што годините минуваат, сигурно не стануваме поубави и поатрактивни. Исто како што се менува надворешниот изглед, така се менува и внатрешниот.

Ако се работи за вистинската личност, промените ќе бидат помалку шокантни. Но, бидете сигурни дека луѓето се менуваат со текот на времето. Ако сето она што ве држи во љубов е физичкиот изглед и карактеристиките, добро запомнете дека вашата врска е површна и набрзо ќе избледи…

2-kje-se-iznenadite-ovie-3-raboti-lichat-na-ljubov-no-e-dokazhano-deka-ne-se-www.kafepauza.mk_

2. Двајцата сакате исти работи во животот

Иако од голема важност e да бидете компатибилни со личноста со која сте во врска, склоноста кон исти нешта не е толку важна.

Можеби вашиот партнер прави да се чувствувате неверојатно… Можеби тој сака да живее на Хаваи, да имате три деца и да ги поминувате деновите на плажа – исто како и вие. Но, вашиот однос и понатаму може да се распадне, бидејќи тоа не е најважното во врската.

Истите желби и цели во животот не гарантираат потполна компатибилност. Компатибилноста подразбира да имате слични личности и вредности. Компатибилноста надминува сè што е површно. А, ако тоа е сè што вие двајца имате, како мислите дека тоа е вистинска љубов?

3. Со него/неа сте само за да не бидете сами

Никој не сака да биде сам. Луѓето се плашат од самотија, дури и повеќе од смртта. Тие се плашат од пропуштени сеќавања и недоживеани животни искуства.

Најголемиот страв се појавува при помислата на самотија, осаменост и на оние тешки моменти кога нема кој да ви каже дека сè ќе биде во ред. Но, тоа не значи дека треба да бидете со партнер, кој само ќе ви го пополни слободното време. Така на крајот ќе го повредите и него и себе, бидејќи ова никако не може да биде љубов.

0-kje-se-iznenadite-ovie-3-raboti-lichat-na-ljubov-no-e-dokazhano-deka-ne-se-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар