15 златни правила за животот кои секогаш делуваат

Нашата иднина зависи од одлуките кои ги донесуваме денес, од изборите кои ги правиме во секој момент од нашиот живот. Може да го поминете вашето доделено време во празно и по навика да правите една иста работа, секој ден. Но, може да се соземете и да го фокусирате вашето внимание на она што навистина е важно за вас. Во тоа помагаат едноставните вистини, кои наизглед им се познати на сите, но малкумина ги применуваат во пракса. Ви предлагаме одвреме-навреме да се потсетувате на нив.

1-15-zlatni-pravila-na-zhivotot-koi-sekogash-deluvaat-www.kafepazua.mk_

1. Не обидувајте се да повредите човек, дури ни во сериозна кавга. Вие најверојатно ќе се смирите, но изговорените зборови ќе останат запаметени.

2. Никогаш не им простувајте на предавниците. Тие не се менуваат.

3. Зборувајте ја вистината, така не мора ништо да помните.

4. Не смејте се на туѓите соништа. Мислете на вашите.

5. Ако неочекувано сте добиле идеја – запишете ја.

6. Не можете да стигнете навреме, доцните? Јавете се, тоа не е толку тешко да се направи.

7. Не ширете гласини и не учествувајте во озборувања. Запомнете, истите тие луѓе може да шират гласини и за вас.

2-15-zlatni-pravila-na-zhivotot-koi-sekogash-deluvaat-www.kafepazua.mk_

8. Бидете во состојба да ги признаете сопствените грешки. Не греши само оној кој не прави ништо.

9. Не жалете се. Проблемот не е за плачење, треба да се побара решението.

10. Движете се и покрај сè. Не застанувајте на постигнатото и не седете со скрстени раце.

11. На почетокот на денот секогаш направете ја најтешката и најнепријатната работа. Нема да ве вознемируваат непотребни мисли во останатиот дел од денот.

12. Телевизија – секогаш непотребно губење на времето. Не гледајте.

13. Обидете се да не позајмувате пари. Долговите се како стапица: да паднете е лесно, да излезете е тешко.

14. Љубезноста секогаш е добредојдена. Таа е евтина за нас и секогаш е многу ценета од страна на останатите.

15. Не живеjте на стара слава или од минатите неуспеси. Вашето минато не ја одредува вашата иднина.

3-15-zlatni-pravila-na-zhivotot-koi-sekogash-deluvaat-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар