Кажете им збогум на темните кругови: 9 лесни трикови за отстранување на подочниците

Конечно се разбудивте наспани и одморени, а тие се повторно тука – досадните подочници! Потоа, убаво ќе се нашминкате и облечете, а тие упорно стојат на вашето лице. Сигурно се запрашувате што треба да направите за да се збогувате од нив. Најверојатно сте ги испробале сите можни начини, но сепак можеби не сте ги пронашле овие лесни и едноставни природни трикови со кои ќе им дозволите на подочниците тивко да си заминат од вашето лице.

1-kazhete-im-zbogum-na-podochnicite-9-lesni-trikovi-za-otstranuvanje-na-podochnicite-od-vasheto-lice-www.kafepazua.mk_

1. Вода од ружа

Ова вода ја влажни и хидрира кожата, го намалува отокот, црвенилото и чешањето, а освен ова, исто така и ја подмладува кожата. Водата од ружа можете да ја купите во сите аптеки, а можете лесно да ја направите и самите. Постапката е доста едноставна, а сѐ што треба да направите е да земете една свежа ружа, да ја измиете, а потоа да ги искинете нејзините ливчиња и да ги потопите во топла вода. Откако ќе се излади, вашата вода од ружа е готова. Чувајте ја во фрижидер најмногу до недела дена. Нанесете ја на тупфери, ставете ги на подочниците околу 15 минути, а постапката повторувајте ја секое утро и вечер сѐ додека не бидете задоволни од резултатите.

2. Масло од бадем

Нанесете 2 или 3 капки бадемово масло на подочниците секоја вечер пред спиење и благо измасирајте ги. Веќе по една недела отокот и темните кругови под очите со сигурност ќе исчезнат.

3. Сок од компир

Изрендајте свеж компир и од него исцедете го сокот. Натопете ја ватата со сокот, ставете ја на подочниците и оставете ја да делува 10 минути. После ова, измијте го лицето. Витаминот Ц кој се содржи во компирот ќе придонесе за избелување на подочниците.

4-kazhete-im-zbogum-na-podochnicite-9-lesni-trikovi-za-otstranuvanje-na-podochnicite-od-vasheto-lice-www.kafepazua.mk_

4. Краставица

Исечете ја краставицата на кругови и оставете ги во фрижидерот да се изладат. Потоа со нив прикријте ги сите критични области, а по 10-15 минути измијте го лицето со ладна вода. Ова постапка повторувајте ја секој ден во текот на една недела. Краставицата ќе направи отокот да се намали, но и да избледат темните кругови околу очите.

5. Чај

Сварете црн или зелен чај и кога ќе се излади, натопете ги ватите со него. Ако сакате можете да ги користите и кесичките од чајот. Потоа, ставете ги на подочниците и оставете да делуваат околу 10-15 минути. Овие облоги ставајте ги секој ден во текот на една недела и вашите подочници набрзо ќе избледат, а отокот ќе се намали.

6. Маска од леб и млеко

Против темните кругови помага и маската од леб и млеко. Млекото ја тонира и хидрира кожата, а квасецот од лебот е богат со витамин Б кој ја смирува кожата. Натопете ја средината од лебот со млеко за да направите маска, а потоа нанесете ја на подочниците. По 10-15 минути измијте го лицето.

2-kazhete-im-zbogum-na-podochnicite-9-lesni-trikovi-za-otstranuvanje-na-podochnicite-od-vasheto-lice-www.kafepazua.mk_

7. Сок од домати

Нанесувајте го сокот од домати секој ден, во текот на две недели, на сите критични места и оставете го да делува 10 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Резултатите ќе бидат видливи за краток период.

8. Масажа и вежби

Масирајте го делот околу очите 2-3 минути дневно за да допринесете за отстранување на подочниците, но и за подобрување на видот. Со нежни, кружни движења масирајте ги подочниците однадвор кон навнатре, кон коренот на носот. Немојте да ги масирате горните капаци за да не го притискате очното јаболко. После масажата нанесете крем за нега. Кога станува збор за вежбите, цврсто затворете ги очите, а со показалците затегнете ги капаците кон надвор за да ги „испеглате“ брчките. Држете ги очите цврсто затворени околу 6 секунди, а потоа опуштете ги капаците. Вежбата повторете ја 10 пати.

9. „Билни“ коцки мраз

Мразот ги намалува брчките, влијае на еластичноста и го намалува отокот. Исечкајте неколку исушени листови од жалфија, камилица и магданос и од нив сварете чај. Кога ќе се излади, сипете го во калап за мраз и оставете го во замрзнувач. Секое утро, околу 30 секунди тријте ги подочниците со овој „производ“ и вашите очи по две недели ќе изгледаат многу поздраво и поубаво.

3-kazhete-im-zbogum-na-podochnicite-9-lesni-trikovi-za-otstranuvanje-na-podochnicite-od-vasheto-lice-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар