Какви допири најмногу ги возбудуваат жените?

Упатете се онаму каде што никој не отишол. „Милувајте ја по местата кои најчесто ги прескокнувате“, вели д-р Ивон К. Фулбрајт, авторка на книгата „The Better Sex Guide to Extraordinary Lovemaking. „Тоа ќе ја возбуди, но и ќе ја зајакне врската помеѓу вас“, дополнува таа. Бидејќи, секоја жена освен очигледните и добро познатите ерогени зони, има и свои специфични области, карактеристични само за неа.

1-kakvi-dopiri-najmnogu-gi-vozbuduvaat-zhenite-www.kafepauza.mk_

Нив ги одредува концентрацијата на нервните завршетоци на одредено место, но и психичките фактори како задоволството со сопственото тело и поврзаноста со вас. Токму затоа и експертите се обидоа да ја исцртаат картата со веројатни зони на уживање за кои можеби не сте знаеле доега. Доколку се упатите кон тие локации, подеднакво ќе ѝ ги возбудите и телото и умот.

1. Бакнете го нејзиниот лакот

„’Fossa antecubitis’ е латинско име за областа под лакотот позната како антекубиталната јама, во која крвните жили се доста близу до површината на кожата, што го прави тоа подрачје премногу чувствително. Тоа е воедно и место на кое нервите се спојуваат во ганглии, збир од нервни клетки“, објаснува д-р Стела Резник, авторка на книгата „The Heart of Desire: Keys to the Pleasure of Love.“

2-kakvi-dopiri-najmnogu-gi-vozbuduvaat-zhenite-www.kafepauza.mk_

Како? Фатете ја за рака и полека испружете ја. Потоа нежно бакнувајте ја на областа од внатрешната страна на лакотот, па поминете со јазикот преку кожата и згрејте го со топол здив.

2. Галете го нејзиниот стомак

„Со галењето на оваа област можете да добиете дупли бодови. Не само поради тоа што многу жени се загрижени поради изгледот на својот стомак, па ќе им се допадне што му обрнувате внимание, туку во горниот дел се наоѓа и голем сноп нерви наречен соларен плексус“, вели д-р Стела Резник.

3-kakvi-dopiri-najmnogu-gi-vozbuduvaat-zhenite-www.kafepauza.mk_

Како? Започнете веднаш под градите, па полека движете се кон папокот, бакнувајќи ја и галејќи ја нежно. „Смирувајќи ја ментално и опуштајќи ги нејзините стомачни мускули, го зголемувате протокот на крвта кон клиторисот и ја оставате да го исчекува моментот кога ќе се упатите кон него“, објаснува д-р Резник.

3. Скокоткајте ги нејзините бедра

„Поголемиот дел од мажите прелетуваат преку женските бедра фокусирајќи се на она што се наоѓа помеѓу нив. Забавете. Толку сте близу до нејзиното ‘игралиште’, а сѐ уште толку далеку… Ќе излуди од очекување“, вели д-р Фулбрајт.

4kakvi-dopiri-najmnogu-gi-vozbuduvaat-zhenite-www.kafepauza.mk_

Како? Најнапред скокоткајте ја со прстите – движете се со нив по ногата, па повлечете се во последен момент или само допрете го венеричниот рид со врвот од прстите. Повторете го тоа со јазикот, поминувајќи доволно близу за да го почувствува вашиот здив.

4. Масирајте ги нејзините дланки

„Во дланката се наоѓаат отприлика 40 илјади нервни завршетоци. Стимулирајте ги и таа ќе почувствува како да ѝ се електризира целото тело“, објаснува д-р Фулбрајт. „Поголемиот дел од луѓето имаат мали влакна помеѓу базата на прстите и зглобовите, што го прави ова подрачје дополнително чувствително.“

5-kakvi-dopiri-najmnogu-gi-vozbuduvaat-zhenite-www.kafepauza.mk_

Како? Испреплетете ги прстите со нејзините, па со палецот масирајте ја нејзината дланка со кружни движења. Тоа е интимен потег кој можете да го правите и на некое јавно место, што го прави повозбудливо.

5. Допрете ги нејзините колена

„Од надворешната страна нервните рецептори се исклучително чувствителни на допир, а освен тоа, кожата на тоа место е доста слаба“, истакнува д-р Фулбрајт.

kakvi-dopiri-najmnogu-gi-vozbuduvaat-zhenite-www.kafepauza.mk_

Како? Започнете со глуждовите, па нежно со врвот од прстите допирајте ги нејзините листови, сѐ додека не стигнете до нежната кожа зад колената. Скокоткајте ја со прстите или јазикот, но избегнувајќи го тврдото, малку чувствителното подрачје од страната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар