Како влијаат емоциите врз губењето на тежината и како да ослабите со помош на психолошки метод?

Сакате да јадете и не можете да го контролирате апетитот? Јадете и кога не сте доволно гладни? Зошто жените обожаваат чоколадо, а мажите повеќе сакаат солена храна? Да се биде витка и слаба е животна желба речиси на секоја жена. Жените се изложуваат на секакви диети, а некои можат да напишат и книга за совети за слабеење. 80% од нив ќе признаат дека не се задоволни од својот изглед и дека би сакале да ослабат барем уште 2-3 килограми.

Да речеме дека сте биле на диета, сте успеале да ослабите и додека ја губите тежината не признавате дека сте под стрес. Откако ќе ослабите се појавува паника од друг вид: како да се задржат постигнатите резултати? Овој пат нема да зборуваме за физички методи за губење на тежина, како исхраната, спортот, пиењето вода туку ќе ви претставиме поинаков метод на слабеење – психолошки и енергетски.

Зошто го јадеме тоа што го јадеме?

Кога сме гладни и ни се јаде тоа е показател дека ни недостига некаква енергија. Јадеме бидејќи ни недостигаат емоции. Добро е познато дека јадеме многу повеќе храна отколку што на нашето тело му е потребно. Можеме лесно да живееме ако еднаш или два пати дневно јадеме во мали порции.
Вистинската човечка глад на модерниот човек речиси му е непозната. Гладот што го чувствуваме е глад на нашето друго тело, односно на енергетската обвивка. Можеме цел ден да седиме и ништо да не правиме без да трошиме каква било физичка енергија, а пак да сакаме да јадеме. Зошто е тоа така? Бидејќи сè е во енергијата. Секој производ има вкус и сопствена енергија. На пример, благиот вкус смирува, соленото ја поттикнува концентрацијата, лутиот вкус активира, додека горчливиот дава трпеливост…
Исто така секој производ има лична енергија. Некои производи имаат женска и мека енергија, додека други машка, некои го поправаат расположението, други се утеха… Кога сакаме да јадеме – тоа е показател дека ни недостига некаква енергија.

Жените посегнуваат по благо бидејќи несвесно се обидуваат да се смират додека мажите сакаат солено бидејќи се обидуваат да ја соберат и да ја активираат својата сила.

Вкусот на храната се поврзува со нејзината енергија, таа нè исполнува со нејзините вибрации и промени во менталната состојба. Така на пример постојат одредени животни моменти кога буквално сме зависни од некој производ (тој ни давал потребна енергија), а после тоа во друг момент сме сфатиле дека не сакаме повеќе да го јадеме.

Бидејќи јадеме поради недостаток на емоции, пробајте да се потсетите на сите радости и среќни денови во вашиот живот. Јадевте многу тој ден? Дали воопшто јадевте? Кога сме исполнети со позитивни емоции не ни требаат дополнителни извори на енергија и поради тоа не јадеме.

Зошто диетата не помага?

Исцрпувачките диети помагаат да се изгуби тежината само на одредено време. Моменталното воздржување од храна може да резултира со прејадување, а самиот факт дека изгледате одлично и дека сте ослабеле нема да ве направи задоволни бидејќи тоа сте го постигнале со гладување и лишување од храна.

Физичкото тело може да издржи глад долго време без никакви пречки за на крајот да се врати на нормална исхрана. Но, емотивното тело не може. Секој ден му е потребен одреден вид храна, а кога ја скратуваме храната стануваме нервозни и раздразливи. Се сеќавате кога бевте на диета која траеше долго? Тогаш сигурно немавте никакво задоволство, ниту спокој.

Кога сте емоционално исполнети, вашето тело не е гладно. Постојат многу начини за да се исполните емоционално преку вашите омилени активности. Вежбање, читање добра книга, гледање филм, прошетка, дружење со пријателите…

Ви предложуваме да направите еден експеримент од 21 ден и секој ден да го правите она што го сакате – наместо со храна, бидете нахранети со радост.

Секојдневно правете нешто добро за себе, како спа, масажа, миризлива купка, спорт, танцување… Многу е важно вашето тело да чувствува радост што вие самите ќе му ја овозможите.

Ако забележите дека одеднаш сте се здебелиле, бидете сигурни дека сте биле во животен период кој не ве правел задоволни. Тоа значи дека сте се оддалечиле од среќата.

Еве некои работи кои дебелеат, а не се храна:

  • Се занемарувате себеси поради вашиот сопруг, деца, роднини, колеги
  • Кога работите нешто што не ви е пријатно
  • Кога не ги остварувате вашите желби
  • Кога сте заробени во минатото
  • Кога се плашите од животот, страв од соочување со него
  • Откажување од своите желби
  • Отфрлање на животот и останување во удобна зона

Ова е многу важно да го знаете:

  • Добро е кога сте задоволни од своето тело и кога сте среќни што го имате и што е здраво.
  • Добро е кога се смеете живо и заразно така што сите луѓе во вашето опкружување ќе почувствуваат радост.
  • Убаво е кога уживате во ситници и им се радувате на обичните нешта.

Не бидете изнемоштени и без сила поради прекумерната тежина, не мора да ги броите калориите постојано и да ја отфрлате среќата – пронајдете ја среќата во себе! Бидејќи кога сте среќни и задоволни, тогаш сте и најпривлечни.

Прочитајте ги и овие 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар