На небото се отвори моќниот портал на Лавовската врата: Подгответе се за магичниот датум 08.08!

На небото се отвори моќниот портал на Лавовската врата: Подгответе се за магичниот датум 08.08!

Во нумерологијата 8-от ден од 8-от месец претставува многу спиритуален датум. Тој симболизира бесконечност, означува бесконечни желби и соништа на нашата душа. 8 е број на моќта и зголемена свест бидејќи низата броеви 8-8 означува совршен период за зајакнување и чистење на енергијата. Лавовската врата не е само нумеролошка појава туку и астролошка бидејќи Сонцето е во знакот Лав и се развива сè до фиксната ѕвезда Сириус (оваа ѕвезда ја нарекуваат уште и спиритуално сонце).

Порталот на Лавовската капија отворен е од 26.07 до 12.08, но најголема енергија ќе има на 08.08! Дополнителна магија донесува поврзаноста на Венера и Јупитер, нивниот танц на небото е најубав дар од универзумот. Отворете го срцето за љубов, простување и добри емоции. Реката на апсолутно задоволство ќе почне да тече во вашите животи и целосно ќе бидете исполнети од чувството на убавина.

Еве кои 9 работи ги носи отворањето на Лавовската врата:

1. Исцелување на срцето – порталот на Лавовската врата ја активира срцевата чакра. Тоа значи дека многу емотивни рани ќе бидат излечени во овој временски период.

2. Отворање на Третото око – се активира и чакрата на Третото око и се зголемува интуицијата.

3. Будење на помали чакри – многу чакри ќе се отворат и текот на енергија ќе се ослободи.

4. Високи енергетски вибрации – визии и полесно активирање на полето на остварување на соништата и амбициите.

5. Врска со универзумот – полесно забележување сигнали, пораки и знаци на предупредување коишто ги испраќа вселената.

6. Слобода – засилено чувство на слобода и желба за зборување и слушање на вистината.

7. Технологија – поволен период за работа со технологија, како и работа на Интернет.

8. Мир – енергија на мирот и исцелување ги исполнува телото, умот и душата.

9. Креативност – неверојатна креативна енергија ќе помогне да започнете нов проект или да се ангажирате на некое поле во уметноста.

Покрај отворањето на порталот на Лавовската врата ќе се чувствува влијанието и на спојот на Венера и Јупитер. Венера е планета на љубовта, а Јупитер планета на изобилствата, па нивниот танц на небото е најубав дар од универзумот.

Под магијата на порталот од Лавовската врата во 2019-та година се подразбира дека живееме во секого и секој живее во нас. Ова ќе ни даде посебна сила и можност да се поврземе со себеси и со целата креација.

Дознајте кои 3 хороскопски знаци ќе доживеат голема промена овој август.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар