Еликсир на здравјето: Рецепт за вкусен и миризлив ликер од аронија!

Еликсир на здравјето: Рецепт за вкусен и миризлив ликер од аронија!

Аронијата не е само извор на здравје туку и вкусен зрнест плод од кој може да се направат многу вкусни работи. Интензивната боја потсетува на боровинки, а зрнцата аронија помагаат во борбата против инфекции, спречуваат стареење на клетките, тие се одличен извор на хранливи влакна и витамини и се корисни за човечкиот организам.

Дали знаевте дека аронијата помага при снижување на високиот крвен притисок? Можеби има горчлив вкус, но треба почесто да се вклучува во исхраната. Може да се јаде свежа, но и да се преработува и да се користи во многу рецепти. Од неа може да се направат сок, пекмез, па дури и разновидни ликери. Ние ви претставуваме рецепт за убав, домашен ликер од аронија.

Потребни состојки:

  • 500 грама зрнца од аронија
  • 350 грама шеќер
  • 1 литар црно вино
  • 150 милилитри рум
  • 1 парче цимет во стапче
  • 2 каранфилчиња
  • 1 мешунка од ванила

Начин на подготовка:

Ставете ги виното, шеќерот, аронијата и зачините во лонец. Потоа преполовете ја мешунката од ванила, отстранете ги семките со нож и ставете ги посебно внатре, па додајте ја и мешунката. Варете на тивок оган околу 15 минути додека шеќерот целосно не се растопи. Тргнете го од огнот и оставете ја смесата малку да се олади па после додајте рум и промешајте.

Истурете ја течноста во подготвени стерилизирани шишиња (заедно со зрнцата и зачините), па затворете и оставете да отстојат најмалку 4 недели. Повремено ќе треба само да ја промешате содржината што претходно сте ја туриле во шишињата. Се служи ладно во соодветна чаша.

Пробајте го и рецептот за освежувачки летен компот од праски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар