Ова е најосамената генерација!

Ова е најосамената генерација!

Осаменоста е комплексно и најчесто непријатно чувство кое резултира со изолација на личноста. Чувството на осаменост може да има влијание на сите луѓе без разлика на нивната старост. Иако некои луѓе се опкружени со други во текот на денот, сепак можат да се чувствуваат осамено.

Ова е најосамената генерација!

Во денешно време, осаменоста е сè поголем проблем. Но, една генерација е посебно зафатена од овој проблем.

Милениумците се една од најосамената генерација во историјата на човештвото. Тие се родени од 1981 до 1996 година. Едно неодамнешно истражување покажало дека скоро 1/3 од луѓето кои се на возраст од 22 до 37 години, се чувствуваат осамено. Во споредба со нив, само 15% од луѓето родени во генерацијата бејби бум (1946 – 1964), изјавиле се чувствувале осамено.

Она што е уште потажно е тоа што 20% од милениумците изјавиле дека немаат вистински пријатели околу себе. Дури 3 од 10 милениумци изјавиле дека се чувствуваат осамено.

Ова е најосамената генерација!

За ваквата лоша статистика, научниците ги обвинуваат социјалните мрежи кои им создаваат притисок на луѓето и ги наведуваат да прават споредби со другите. Затоа најдобра препорака е да ги слушате советите на постарите луѓе и да изградите искрени односи со пријателите, бидејќи тоа ќе придонесе позитивно влијание на вашето менталното здравје, а воедно ќе ви се збогати и животот.

Прочитајте повеќе и како да се ослободите од осаменоста во 4 едноставни чекори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар