Како вашиот маникир подолго да трае?

Убавите и свежо негувани нокти можат да го поправат дури и вашиот најлош ден, а тоа ќе ве чини многу малку. Ние ви ги предлагаме 7-те тајни на добриот маникир што трае.

1. Навлажнете ја кожата

Сувата кожа околу ноктите може да биде непријатна, но исто така може да го наруши естетскиот изглед на вашите раце. За да ја навлажните кожата пред да нанесете лак, користете масла за оваа намена и отстранете го вишокот кожа со соодветната алатка од вашиот сет за маникир.

2. Изберете го најкраткиот нокт како мерка за потскратување на ноктите

Ако не сте сигурни колку треба да ги скратите ноктите, изберете го најкраткиот и на него прилагодете го остатокот од ноктите.

3. Подгответе ги ноктите за лак

Откако ќе ги скратите ноктите, време е да ги обликувате. Трендовите се различни. Па така, можете да изберете квадратен, кружен или триаголен облик на ноктите – тоа зависи од вашиот вкус.

4. Отстранете го вишокот масло за нокти

Пред да почнете да нанесувате лак, проверете дали ги исчистивте ноктите од остатоците масло што сте го користеле за отстранување на кутикулите, во спротивно, лакот нема да се нанесува најдобро.

5. Спречете предвремено отстранување на лакот

За да го избегнете досадното лупење на лакот за нокти, не заборавајте да поминете со четката и преку работ на ноктот кога се лакирате. Исто така, имајте на ум дека нанесувањето на два тенки слоја е секогаш подобро од еден дебел. Запомнете да нанесете и слој од над-лак (заштитен лак).

6. Спречете неуреден изглед на ноктите

Ако не сакате неуредни линии или оштетување на лакот веднаш по лакирањето, пред да го нанесете лакот натопете го секој нокт во ацетонот и потоа нанесете основен лак. Овој процес ќе ја изедначи површината на ноктите и ќе создаде совршена основа за бојата што ја сакате. Оставете лакот да се исуши најмалку 10 минути, иако тој е чувствителен најмногу еден час по лакирањето. Жолтата боја на природните нокти можете да ја стекнете како резултат на пушење, како и од остатоци од темен лак за нокти, а може да ја отстраните со нанесување на паста за избелување на забите.

7. Одржете го свеж изгледот на вашиот маникир

Ако сакате да го одржите вашиот маникир свеж барем 10 дена, секој втор ден нанесувајте над-лак (заштитен лак). Ова правило важи и за вашиот педикир, кој со одржувањето на ваков начин може да трае и до 1 месец.

Ако сте љубители на средени дизајнирани нокти ви предлагаме да прочитате неколку идеи за маникир за празничниот период што следува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар