Како навистина изгледа лојалниот маж?

Како навистина изгледа лојалниот маж?

Лојалниот маж прави да се чувствувате како најубавата жена во секоја просторија. Никогаш не прави да се сомневате во себе. Тој ве охрабрува да се сакате себеси.

Како навистина изгледа лојалниот маж?

Лојалниот маж ќе ги избрише апликациите за состанување. Ќе го прекине контактот со девојките кои му се допаѓале бидејќи знае дека не му се потребни повеќе. Не е заинтересиран да ве замени со никоја друга. Знае дека не му е потребен друг план во случај вашата врска да не успее бидејќи верува дека ќе бидете заедно целиот живот.

Лојалниот маж не се грижи само за сексот. Тој ве цени поради вашиот ум, вашата смисла за хумор, вашиот карактер сокриен под вашата кожа. Ужива да поминува време со вас дури и кога сте целосно облечени. Верува дека интимноста е многу повеќе од соблекување на облеката. Тој ве држи за рака, ве прегрнува и внимателно ве слуша кога зборувате.

Лојалниот маж мисли на вас дури и кога не сте до него. Ви испраќа порака додека е излезен со пријателите. Ве проверува во текот на денот биејќи сака да знае дали сте во ред. Ви обрнува внимание секој ден, не само кога сте во иста просторија со него.

Лојалниот маж сака целиот свет да знае дека сте заедно. Ве запознава со неговото семејство. Ве носи на пијачки со неговите пријатели. Ве носи на настаните организирани од кај него на работа и сите негови колеги веќе го знаат вашето име. Ве спомнува на секого што ќе го сретне бидејќи е горд што е „зафатен“.

Лојалниот маж одговара на вашите прашања без да бара начин да избега од непријатните разговори. Ви ја кажува вистината дури и кога ви е тешко да ја слушнете. Ве почитува доволно за да ви ги даде сите информации наместо да ви кажува само делови од приказната со цел таа да звучи подобро.

Лојалниот маж има морали. Не верува во лажење, изневерување или манипулација. Кога ќе слушне за нечие неверство, не бара изговори за тоа. Го искажува своето разочарување бидејќи смета дека никој не заслужува да биде изневерен.

Лојалниот маж никогаш не крие ништо од вас. Ви дозволува да ја видите и неговата грда страна што ја крие од остатокот од светот. Нема потреба да измолувате одговори од него. Тој е ранлив со вас. Ви кажува сè што сакате да дознаете. Никогаш не крие ништо, особено не неговото срце.

Лојалниот маж е личноста на којашто можете да ѝ верувате. Кога ќе се појави малку подоцна од очекуваното, не се грижите каде бил. Знаете дека не направил ништо за да ве повреди. Знаете дека или имало метеж, бил задржан на работа или бил со неговите пријатели. Не сте параноични во врска со него бидејќи знаете дека никогаш нема да ве повреди.

Прочитајте ги и 10-те работи што мора да ги знаете за љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Кате Reply

    ” Лојалниот маж” не постои. Барем не на овие простори затоа што другарите го нарекуваат папучар, а нивното мислење е секогаш најважно.

Остави коментар