„Мрзлива“ пита од кајсии со неверојатен вкус

Ова е десерт што никогаш нема да ве разочара!

Едноставна пита од кајсии со неверојатен вкус

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 240 милилитри масло
  • 250 грама брашно
  • 230 милилитри јогурт
  • 1 прашок за печиво
  • 1 килограм излупени и исечкани кајсии
  • 2-3 лажички гриз
  • Шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

  • Исечените кајсии динстајте ги со малку масло за да омекнат, заедно со гризот и малку шеќер.
  • Измешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, брашното, прашокот за печиво и јогуртот и направете хомогена смеса.
  • Две третини од смесата ставете во премачкана тавичка и печете додека не се направи кора.
  • Извадете го колачот од рерната, наредете ги кајсиите, а потоа нанесете го и остатокот од смесата.
  • Печете уште 30-40 минути и на крај посипете ја питата со шеќер во прав.

Добар апетит!

Ако сте љубители на овошните десерти, сигурно ќе ви се допадне и оваа освежувчка пита со вишни.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар