Како инсулинот влијае на хормоните и синдромот на полицистични јајници

Како инсулинот влијае на хормоните и синдромот на полицистични јајници

Синдром на полицистични јајници е нарушување кое се карактеризира со неправилен менструален циклус, ановулација и знаци на хиперандрогенизам. Болеста се нарекува и синдром на Штајн-Левентал. Точната причина за болеста сè уште не е утврдена. Нутриционистката Амела Ивковиќ О’Рајли на својот Инстаграм профил објасни како инсулинот влијае на нашите хормони и полицистични јајници.

Како инсулинот влијае на хормоните и синдромот на полицистични јајници

Таа вели дека инсулинот има директен ефект врз два многу важни хормони во женското тело наречени фоликуло-стимулирачки хормон и лутеинизирачки хормон. Овие помалку познати хормони се апсолутно неопходни за производство и на естроген и на прогестерон, други два хормони кои веројатно сте веќе слушнале дека тие играат најголема улога во регулирањето на женскиот репродуктивен систем. Едноставно кажано: без фоликуло-стимулирачкиот хормон и лутеинизирачкиот хормон не добивате естроген и прогестерон, што значи дека немате менструален циклус!

Таа додава и дека фоликуло-стимулирачкиот хормон се ослободува од хипофизата рано во менструалниот циклус за да помогне во растот на фоликулите во јајниците. Кога едно јајце ќе стане „доминантно јајце“, тогаш лутеинизирачкиот хормон се ослободува за да помогне во понатамошниот раст на ова јајце кое на крајот се ослободува од неговиот фоликул во јајниците. Останатиот фоликул го стимулира производството на прогестерон со цел да се згусне обвивката на матката како подготовка за имплантација и бременост.

Високото ниво на инсулин може да ја смени прецизната рамнотежа на овие хормони. Премногу инсулин предизвикува хипофизата да ослободува повеќе лутеинизирачки хормон пропорционално на фоликуло-стимулирачки хормон. Премалку фоликуло-стимулирачки хормон значи дека фоликулите не можат да созреат соодветно и никогаш не се формира доминантно јајце. Наместо тоа, сè што се произведува е многу незрели фоликули кои на крајот можат да станат цисти на јајниците. Тоа е синдром на полицистични јајници.

Прочитајте и како ќе реагира вашето тело ако почнете да одите боси почесто?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар