Запознајте го првиот патувач во инвалидска количка кој ги посети сите 7 континенти

Кори Ли бил дијагностициран на млада возраст со мускулна атрофија на ‘рбетниот столб и користи инвалидска количка уште од 4-та година од животот.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Cory Lee (@curbfreecorylee) el

Непосредно пред пандемијата Ли и неговата мајка го посетиле последниот континент од неговата листа односно Антарктикот. Тој вели дека патувањето во инвалидска количка претставува големо планирање и истражување, а патувањето на Антарктикот го резервивал две години однапред. Од сите 37 земји што ги посетил вели дека најубаво ми било во Мароко и Антарктикот. Тој немал големи очекувања од Мароко, но шарените улички и куќи во Маракеш го воодушевиле. Исто така друштвото со камилите во пустината Сахара исто така е незаборавно искуство.

Ли сака да ги инспирира младите патувачи со својата книга за деца наречена „Ајде да истражуваме со Кор Кор“ која раскажува за момче кое патува низ светот со инвалидска количка. Од патувања во Финска за да се сретне со Дедо Мраз до истражувањето на Австралија и нејзините кенгури, Ли рече дека децата можат да научат не само за дестинациите, туку и за другите луѓе кои не мора да изгледаат како нив.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Cory Lee (@curbfreecorylee) el

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Cory Lee (@curbfreecorylee) el

Погледнете како овој возач на превоз за животни се фотографира со секое куче што ќе го сретне додека е на пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар