Како и колку често треба да ја чистите четката за заби?

Кога станува збор за хигиената на усната шуплина, повеќето луѓе се свесни за фактот дека треба да ги мијат забите најмалку двапати на ден, да користат конец и да ја менуваат четката за заби на секои три месеци.

Како и колку често треба да ја чистите четката за заби?

Но, она што многумина не го знаат кога станува збор за четкањето на забите и за оралната хигиена е фактот дека четките за заби, покрај редовната замена, треба и редовно да се чистат. Устата е полна со различни бактерии и во нормална средина добрите бактерии ги држат лошите бактерии под контрола. Но, лошите бактерии можат да се насоберат на четката за заби и затоа треба редовно да ја чистите.

Како и колку често треба да ја чистите четката за заби?

Експертите велат дека најдобро е да ја чистите четката за заби на секои две недели. Најдобар начин за чистење на четката е миење во топла вода и детергент за миење садови. Потоа, треба да ја потопите во 3% хидроген пероксид и да ја оставите да стои 15 минути. Овие два чекори ќе бидат доволни за да се отстранат преостанатите наслаги од пастата за заби и да се уништат сите бактерии.

Последниот чекор е плакнење на четката со млака вода за да се измие водород пероксидот, а потоа сушење. Она што е важно да се знае е дека четката за заби треба добро да се исплакне со вода и со чисти прсти по секое миење на забите и да се остави на суво место за да се исуши. Во никој случај не треба да ја затворате четката во футрола или да ставите капак на неа бидејќи тоа може да предизвика насобирање бактерии на влакната, што е исклучително лошо за вашата усна шуплина.

Прочитајте зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар