Како да се справите со токсичните членови на семејството за време на празниците?

За некои луѓе, празниците можат да бидат вистинска воена зона. Додека некои од нас пораснале со прекрасни сеќавања за Божиќ во домот со семејството, други не можат да го кажат тоа.

Како да се справите со токсичните членови на семејството за време на празниците?

Празниците се тешки за многу луѓе од разни причини, а една од најчестите се токсичните членови на семејството. Можеби цела година сте слободни од некоја личност или од целото семејство, но штом ќе пристигнете за време на празниците, војната започнува.

Ако ова ви се случува и вам, потребно е да се справите со проблемот. Овие стратегии ќе ви помогнат да излезете на крај со токсичните членови од семејството за време на празниците.

1. Направете план

Сигурно сте премногу зафатени пред крајот на годината, но последното нешто што сакате е празниците да ве изненадат бидејќи сте имале други обврски. Ако сакате да знаете што ве чека, треба да размислите низ што сте минувале секоја година. Наместо да го игнорирате сето тоа, искористете го во ваша корист и преземете мерки кои ќе ви помогнат да се справите.

Ова не само што ќе направи да се чувствувате како да имате контрола, туку ќе ви помогне и да се справите доколку ситуацијата навистина излезе од контрола. Се разбира, сè зависи од проблемите кои ги имате со семејството. Сепак, правењето план ќе ви помогне да внесете малку позитивност.

Размислете кој е коренот на проблемот со семејството. Можеби станува збор за само една личност, па најдете начин како да ја избегнувате. Направете стратегија што ќе ви помогне полесно да ги поминете празниците.

2. Најдете поддршка од некој друг

Најдобриот начин да се справите со токсичноста е со позитивност, љубов и поддршка од другите. Штом ќе завршите со планот, време е да најдете засилување. Разговарајте со пријател и за можноста да преспиете кај него, да поминете време заедно, или замолете го да биде овде доколку нештата навистина се влошат.

Без разлика на кој начин, малото внимание што ќе ви го посвети пријателот ќе ви биде поддршка во лошите моменти. Најдобро е да не го каните пријателот кај вашето семејство. Некои луѓе сакаат да ве посрамотуваат пред други, особено ако ви се познаници.

3. Ако ништо не успее, повлечете се

Доколку сте стигнале до овде и ви изгледа како ништо да не работи, не заборавајте дека вистинската љубов не е токсична. Се разбира, понекогаш саканите забораваат да ви кажат дека ве сакаат и можно е да има периоди кога само ве критикуваат. Но воглавно, љубовта не е токсична. Не ви се потребни тие проблеми во животот и ништо не ве обврзува да трпите. Не плашете се да направите стратегија за „бегство“ што ќе ви овозможи да се повлечете од битката.

Само вие можете да одлучите како ќе се справите со вашето семејство. Сепак, имајте резервен план што ќе ви помогне да се извлечете од ситуацијата доколку стане неподнослива.

Дали вие и вашиот партнер спаѓате во паровите кои постојано се караат за празниците?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар