14 начини на кои старите души љубат поразлично

14 начини на кои старите души љубат поразлично

Секој има различни мислења и верувања за врските и секој различно ја искажува љубовта. Некои луѓе сакаат скапи подароци, а некои повеќе го ценат гестот. Некои сакаат внимание, а на некои им е потребен простор. Старите души пак љубат на нивен, уникатен начин. Доколку сте во врска со ваква личност, дефинитивно ве очекуваат прекрасни моменти. Погледнете на кои начин старите души љубат поразлично од другите луѓе.

14 начини на кои старите души љубат поразлично

1. Нивниот филозофски поглед влијае на нивното мислење за врските. Тие не ги гледаат само како физички, случајни или безначајни. Старите души ги гледаат врските како медиуми за самоистражување, па ѝ приоѓаат на љубовта со намера да созреат, а не да добијат нешто.

2. За нив комуникацијата е интимност. Овие луѓе навистина сакаат да запознаат некој длабоко и да го разберат целосно. Физичката интимност без ментална поврзаност прави да се чувствуваат празно.

3. Имаат многу контрадикторни особини – иако сакаат љубов и внимание, потребни им се простор и независност. Овие луѓе се романтичари, но и реалисти. На почетокот може да биде чудно да се спојат овие особини, но благодарение на нив секогаш имаат рамнотежа во животот.

4. Сакаат да се посветат на врската, но се скептични за тоа дали ќе трае. Овие луѓе секогаш имаат надеж за врската, но истовремено претерано размислуваат за случајните настани и бараат суптилни знаци дека партнерот не е заинтересиран, или го очекуваат најлошото.

5. Нивната интуитивност може да биде најголем проблем. Овие луѓе често предвидуваат што би се случило, наместо да живеат во моментот и да откријат што навистина ќе се случи. Често потребно е да ги потсетите дека не секој збор има скриено значење.

6. Знаат дека љубовта е во едноставните нешта. Помалку би ги израдувал скап подарок, наместо слатка порака или поглед. Всушност, тие сакаат што било што може да си поигра со нивните емоции.

7. Сакаат да разговараат за сè, па ако вашиот одбранбен механизам е избегнувањето, нема да се справите со стара душа. Овие луѓе не сакаат проблемите да останат нерешени и веруваат дека секогаш има решение, сè додека се направи отворен и искрен разговор.

8. Тие сакаат холистичка љубов. Сакаат да го познаваат партнерот ментално, емоционално, духовно и сексуално. Нема да се задоволат само со едно.

9. Старите души простуваат навистина лесно. Овие луѓе лесно ги игнорираат лошите карактеристики на партнерот и ретко не даваат втора шанса. Веруваат дека нештата се менуваат и луѓето созреваат, без разлика колку невозможно изгледа тоа.

10. Очекуваат многу, бидејќи го гледаат најдоброто во луѓето. Не само што се почитуваат доволно за да бараат одредени стандарди, туку тие го гледаат најдоброто кај луѓето. Поради ова од другите очекуваат барем да се обидат да станат подобри личности.

11. Сакаат старомодни состаноци. Овие луѓе сакаат да бидат однесени негде и да бидат третирани добро, без разлика на нивниот пол. Повеќе сакаат да одат на вечера, наместо да се „дружат“ дома.

12. Тие се природни негуватели, а го очекуваат истото и од партнерот.

13. Не трошат премногу време на врската доколку сфатат дека нема иднина, но ова не значи дека не го гледаат состанувањето за забава како нешто лошо. На некои луѓе не им е проблем да бидат со некого и покрај тоа што знаат дека врската ја чека крај. Старите души ги напуштаат овие врски и го бараат вистинскиот.

14. Тие љубат целосно. Без разлика колку долго сте во нивниот живот, тие ќе ве љубат најмногу и најдобро што можат.

Прочитајте и зошто на старите души им е тешко да пронајдат љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар