Како да се справите со прејадувањето предизвикано од емпатија?

Држењето диети често е неуспешно за чувствителните луѓе, бидејќи тие не се свесни дека јадат и се прејадуваат со нездрава храна за да се заштитат од негативната енергија. Кога емпатите кои имаат проблеми со храната ќе го сфатат ова, можат многу полесно да најдат решение на проблемот.

Како да се справите со прејадувањето предизвикано од емпатија?

Дали сте емпат со проблем со храната?

  • Дали се прејадувате кога сте емоционално преплавени?
  • Дали консумирате шеќер, јаглехидрати и нездрава храна како утеха?
  • Дали сте навистина чувствителни на ефектот што го има храната врз вашето тело?
  • Дали имате променливо расположение, замаглен ум или се чувствувате токсично од шеќер, кофеин или нездрава храна?
  • Дали имате алергии и нетолеранција на состојки како глутен или соја?
  • Дали се чувствувате позаштитени од стресот кога сте потешки?
  • Дали се чувствувате полни со енергија од здравата, чиста храна?
  • Дали сте чувствителни на презервативите во храната?
  • Дали се чувствувате ранливи на стрес кога сте слаби?

Доколку одговоривте потврдно на 1-3 прашања, малку сте склони кон проблеми со храната.

Доколку одговоривте потврдно на 4-6 прашања, имате умерена склоност кон проблеми со храната.

Доколку одговорите потврдно на над 6 прашања, дефинитивно имате проблем со храната поради вашата емпатија и ја користите за избегнување на стресот и неудобноста.

Како да се справите со проблемите со храната?

Доколку се прејадувате поради вашата емпатија, потребно е да откриете што точно ја предизвикува желбата за храна. Можеби тоа е некој колега, пријател или страв од одбивање. Истренирајте се да се ослободите од причината што е можно побрзо, за да воспоставите рамнотежа во вашиот систем.

1. Дишете

Кога чувствувате стрес, веднаш фокусирајте се на дишењето и почнете да дишете бавно и длабоко. Ова ве ослободува од негативната енергија. Држењето на воздухот во телото поради страв ја заробува токсичноста во телото.

2. Водата ве прочистува

Пијте вода секогаш кога сте изложени на негативна енергија и секогаш кога имате желба да се прејадете. Пијте барем 6 чаши вода дневно за да се ослободите од токсините. Исто така можете да се истуширате или да си направите купка. Водата сигурно ќе ве прочисти.

3. Ограничете го внесувањето шеќери

Иако можеби чувствувате силна потреба за јаглехидрати и шеќери, тие само ќе ви ја нарушат рамнотежата и ќе ви го променат расположението. Ова ве прави подложни на апсорбирање несакана енергија.

4. Јадете повеќе протеини

Протеините ги стабилизираат емпатите и ги приземјуваат. Важно е да имате мали протеински оброци околу 4 пати дневно. Овој режим ќе ви помогне да се чувствувате посилно и побезбедно. Доколку пак сте вегани, уште поважно е да внесувате повеќе протеини.

5. Не дозволувајте да се намали нивото на шеќер во крвта

Емпатите се навистина чувствителни на хипергликемија. Кога на зафатениот живот ќе додадете ниско ниво на шеќер, сигурно ќе се чувствувате лошо. Па, немојте да прескокнувате оброци, особено ако планирате да одите на место со гужва, кога патувате или кога имате состанок.

6. Консумирајте многу зеленчуци

Ако настојувате да се прејадувате и да се дебелеете, зеленчуците ќе ве наполнат и ќе ви ја намалат потребата за храна.

Погледнете го и тестот што ќе ви помогне да откриете дали сте зависни од храна.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар