28 изненадувачки, но вистинити факти

28 изненадувачки, но вистинити факти

Постојат многу факти кои звучат толку чудно, што сите би помислиле дека се лажни. Но нашето ограничено знаење нè тера да се сомневаме во нештата што се целосно вистинити. Доколку ги сакате чудните факти за кои не можете да бидете сигурни дека се вистина, продолжете со читање.

28 изненадувачки, но вистинити факти

1. Националното животно на Шкотска е еднорог.

2. Ајкулата Гренланд има просечен животен век од 272 години. Некои од овие ајкули можат да живеат и до 500 години.

3. Лосовите се одлични пливачи. Тие се родени со оваа способност, можат да пливаат со брзина од 9 километри на час и можат да пливаат со ова темпо 2 часа.

4. Ракчињата мантис можат да удираат со сила на куршум. Тие имаат еден од најбрзите и најмоќните удари во природата.

28 изненадувачки, но вистинити факти

5. Медот никогаш не се расипува. Тој има одлична хемиска композиција која ги спречува организмите да живеат во него. Па без разлика колку е стар медот, најверојатно е одличен за јадење.

6. Сер Хју Бивер ја добил идејата за „Гинисовата книга на рекорди“ во 1950-тите, кога имал расправа во еден паб за најбрзата птица во Европа. Бидејќи не можел да најде одговор во ниту една книга, решил да направи книга со факти.

7. Секоја планета од Сончевиот систем може да се смести помеѓу Земјата и месечината.

8. Има многу повеќе дрва на Земјата отколку ѕвезди во галаксијата. Според НАСА, во Млечниот пат има помеѓу 100 и 400 милијарди ѕвезди. На Земјата има над 3 трилиони дрва.

28 изненадувачки, но вистинити факти

9. Најголемиот производител на гуми во светот е Лего. Компанијата прави 50% повеќе гуми од другите познати компании.

10. Леопардите не рикаат, туку прават звук сличен како на домашните мачки.

11. Мекдоналдс е најголемиот дистрибутер на играчки во светот. Околу 20% од нивните продажби се оброци со играчка.

12. Каталогот на Икеа е популарен колку Библијата и Куранот. Ширум светот се разнесуваат околу 203 милиони копии од него.

28 изненадувачки, но вистинити факти

13. Компанијата Нинтендо е основана пред повеќе од 100 години – во 1889-та година. Јапонската компанија за игри на почетокот бил бизнис за карти за играње и постепено се претворила во брендот што ни е познат денес.

14. Забите можат одново да се „закачат“ за нивните корени откако ќе се извадат, доколку се вратени на место.

15. Запалките биле измислени пред кибритот.

16. Луѓето се родени без чашки на колената. Тие се развиваат на околу 3-годишна возраст.

28 изненадувачки, но вистинити факти

17. Облаците изгледаат навистина лесно, но науката вели поинаку. Облакот кумулус што се гледа кога времето е сончево, тежи околу 500.000 килограми.

18. Индиските ореви се собираат од дното на плодот што расте на дрвото.

19. Иако не се гледаат, пингвините имаат колена. Тие се прекриени со густи пердуви, па поради ова се невидливи.

20. Низ историјата на светот, живееле над 108 милијарди луѓе. Бидејќи денес има над 7 милијарди луѓе кои се живи, тоа значи дека денес постојат само 7% од сите луѓе кои живееле.

28 изненадувачки, но вистинити факти

21. Стаклена топка може да скокне повисоко од гумена топка со иста големина.

22. Рогот на носорозите е направен од кератин, истата состојка од којашто се направени нашите нокти.

23. Во Франција во 1977-ма година била направена последната егзекуција со гилотина. Ова е годината и кога излегол првиот филм „Војна на ѕвездите“.

24. Иако многумина го мислат спротивното, кикириките не се јатки. Всушност, тие спаѓаат во истото семејство како и леќата, гравот и слично.

28 изненадувачки, но вистинити факти

25. Малите морковчиња се всушност исечени нормални моркови.

26. Две пици со дијаметар од 30 центиметри се повеќе од една пица со дијаметар од 45 центиметри.

27. Постојат повеќе начини за редење на картите на играње отколку што има атоми на Земјата. Во обичниот шпил од 52 карти има 8×10^67 можни комбинации.

28. Во 2018-та година, Тако Бел бил прогласен за најдобриот мексикански ресторан во Америка.

Погледнете ги и овие чудни факти кои се покажале како вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар