Тест што ќе ви помогне да откриете дали сте зависни од храна

Тест што ќе ви помогне да откриете дали сте зависни од храна

Храната навистина може да предизвика зависност слична како онаа кај корисниците на дрога. Активирани се истите области во мозокот и многу симптоми се идентични. Зависноста од храна е релативно нов и понекогаш контроверзен термин, па нема податоци што точно кажуваат колку е честа. Оваа појава е слична и со другите нарушувања во исхраната, како булимија, компулсивно прејадување и нездрав однос кон храната.

Тест што ќе ви помогне да откриете дали сте зависни од храна

Преработената храна има силно влијание врз центарот за задоволство во мозокот, вклучувајќи ги и невротрансмитерите како допаминот. Најголем проблем претставува брзата храна која содржи шеќер, пченица или и двете. Во овој случај не станува збор за недостаток од волја и слично. Напротив, зависноста од храна е предизвикана од преголемо лачење допамин со што се менува биохемиската рамнотежа во мозокот. Многу истражувања покажале дека зависноста од храна е сепак реален проблем.

Не постои тест на крвта што може да потврди дали некој е зависен од храна. Како и другите зависности, најважно е однесувањето. Ова се 8-те најчести симптоми на зависност од храна:

1. Често имате потреба да јадете одредени намирници и покрај тоа што сте сити и само што сте изеле хранлив оброк.

2. Кога попуштате и почнувате да ја јадете посакуваната храна, често јадете повеќе од планираното.

3. Кога го јадете она што го сакате, не престанувате додека не се прејадете.

4. Често чувствувате вина кога јадете некоја храна, но набрзо повторно го правите тоа.

5. Понекогаш наоѓате изговори зошто треба да ја јадете посакуваната храна.

6. Повеќепати сте се обиделе да престанете да јадете или сте поставиле некои правила со одредена храна, но неуспешно.

7. Често се криете од другите кога јадете голема количина нездрава храна.

8. Чувствувате дека не можете да контролирате колку брза храна јадете, и покрај тоа што знаете дека ви штети и ве дебелее.

Доколку се пронајдовте во 4 до 5 од овие знаци, тогаш имате сериозен проблем со храната. Доколку се пронајдовте во 6 или повеќе од знаците, тогаш сте зависник од храна.

Како да се справите со зависноста?

Постојат неколку совети што ќе ви ја олеснат промената.

  • Храна за избегнување: Направете листа со храната што ви е потребна или со којашто се прејадувате. Ова е храната што треба да се обидете целосно да ја избегнувате.
  • Места со здрава храна: Направете листа со сите места каде што се продава квалитетна и здрава храна. Ова е важно бидејќи ќе ви помогне да се справите кога ќе бидете гладни или кога нема да ви се готви.
  • Што треба да јадете: Размислете што ќе јадете. Најдобро е да одберете здрава храна што ви се допаѓа.
  • За и против: Направете неколку копии со листа „За и против“. Една копија нека ви стои во кујната, друга во автомобилот, а земете и една со вас. Ќе ви биде потребен потсетник зошто се обидувате да се храните здраво. Понекогаш може да ви биде тешко да се справите со чувството на глад и ограничувањата, па оваа листа ќе ве мотивира.

Погледнете и кои видови храна создаваат зависност речиси исто колку и дрогата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар