Како да постигнете внатрешен мир кога сè се чини несигурно?

Како да постигнете внатрешен мир кога сè се чини несигурно?

Дали можете да го пронајдете внатрешниот мир дури и ако ве тиштат несигурности и неизвесности? Внатрешниот мир не се сведува само на секојдневно медитирање и вежбање јога. Некои веруваат дека можете да го постигнете преку многу труд и работа. Така, ако секој ден се будите добро расположени, се храните здраво и го правите она што го сакате, можеби и сте постигнале некаков мир.

Како да постигнете внатрешен мир кога сè се чини несигурно?

Сепак, нашите денови не секогаш се исполнети со позитивно размислување и продуктивност. Одвреме-навреме мали, безначајни работи ни го нарушуваат мирот за кој сме вложиле толку многу труд.

Така, еден од начините да го сочуваме мирот е само да набљудуваме и да се воздржиме од коментирање. Нашиот внатрешен мир се нарушува кога комуницираме со светот. Така, ние постојано формираме мислења и коментари за работите што ни се случуваат во текот на денот. Сепак, кога сме мирни и тивки и набљудуваме, наместо да коментираме, можеме да постигнеме внатрешен мир. Тоа ќе ни помогне да престанеме да ги етикетираме работите како „добри“ или „лоши“ и да ги прифатиме онакви какви што се.

Освен тоа, зачувувањето на мирот зависи и од вашата реакција кон надворешните фактори. Внатрешниот мир не е само под влијание на вашиот внатрешен дијалог туку зависи и од начинот на кој се поврзувате со надворешниот свет. Одлуките кои ги носите секојдневно имаат моќ да го ослабнат или зацврстат вашиот внатрешен ум.

За крај, контролирањето на мислите исто така влијае врз вашиот мир. Доколку сето внимание го насочувате кон вашите мисли обележувајќи ги како позитивни или негативни, едноставно немате време да го доживеете тој внатрешен мир. Понекогаш, ќе ви се допадне она што ќе ви го донесе животот, а понекогаш не. Но, наместо да размислувате за тоа, следниот пат обидете се само да ги прифатите нештата такви какви што се.

Откако ги прочитавте нашите совети за постигање внатрешен мир, можеби ќе сакате да прочитате и како да го препознаете чувството на внатрешен мир и спокојство.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар