Како да ослабете во зимскиот период?

Како да ослабете во зимскиот период?

За разлика од другите годишни времиња, зимата не ни дозволува многу да се движиме, а полошо е тоа што во овој период има многу празници и слави, па затоа и повеќе јадеме. Ова значи дека ги зголемуваме шансите да качиме некој килограм, па затоа треба да преземеме нешто.

Како да ослабете во зимскиот период?

1. Зголемен апетит

Најважна и најчеста причина зад секој зголемен килограм е непланираниот и несвесно зголемен апетит. Новогодишната, божиќната, како и трпезата на многу слави е полна со секакви специјалитети, па тешко може да ѝ се одолее. Покрај тоа, храната повлекува пиење на многу течности, најмалку вода, а најмногу газирани и алкохолни пијалаци. Иако сè изгледа примамливо, треба да се биде умерен да се создаде свест дека толкава количина храна и пијалаци можат да му наштетат на нашето здравје. Ако веќе сте претерале, следните неколку дена внимателно одбирајте што ќе јадете и пиете.

2. Недостаток на движење

Ова е глобален проблем на целата човечка популација, а многу придонесува за зголемување на килограмите. Ладното време, снегот, дождот и ветерот оневозможуваат да се шетаме слободно како во друго годишно време. Сепак оваа причина и не е толку оправдана. Доколку не сте вежбале претходно, зимата е совршен период да почнете да се мотивирате да живеете поздраво и да се чувствувате подобро и поубаво. За оние кои веќе вежбаат, а се склони кон дебелеење, треба малку да го зголемат тренингот, со што ќе се заштитат од можните последици.

3. Затворени простории

Поминување на многу време во затворен простор, особено во простории во кои ретко се ветрее и се пуши, може да придонесе во загрозувањето на функциите на дишните патишта и органи. Во просториите каде што има активни пушачи на цигари, автоматски станувате пасивен пушач, додека во просториите каде што воздухот е сув поради силното греење, можеме да дехидрираме. Затоа искористете го секој слободен момент од зимскиот период да отидете некаде на чист воздух, телото ќе ви биде благодарно.

Совети:
  • Јадете квалитетна храна за време на зимскиот период. Јадете чисто месо (пилешко и мисиркино) и риба, консумирајте овошје и зеленчук, и пијте многу вода, чаеви и свежо цедени сокови.
  • Избегнувајте мрсно месо, пресолена и преслатка храна, алкохол и газирани пијалаци.
  • Наоѓајте секакви начини да вежбате и да се движите.
  • Одете почесто на планина и во село на чист воздух.
  • Клучот е во дисциплината, па бидете пофокусирани.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар