Како да одгледате стебло кафе?

Кафето е егзотично растение што можете да го одгледувате и дома.

Одгледувањето не е тешко, а применувајќи неколку правила можете да имате сопствено кафе. Кои се тие правила?

Дрвото кафе што најмногу се одгледува дома е од арапска сорта (cafa arabica). Оваа сорта може да се најде во повеќето земјоделски аптеки, како и во повеќето супермаркети. Самото кафе доаѓа од тропските региони на Африка, но тоа не значи дека одгледувањето дома ќе биде проблематично. Домашните услови се доволни за вашето тропско растение сè додека се придржувате до неколку важни правила.

Како да одгледате стебло кафе?

Како изгледа дрвото кафе?

Дрвото кафе во природно опкружување создава голема, многу разгранета грмушка која може да достигне висина до 6 метри. Кога ќе го купите дрвото кафе во саксија, најверојатно тоа ќе има како грозд зелени, густи лисја кои брзо ќе му го променат изгледот и тоа повеќе ќе наликуваат на неговиот „див брат“. Растението можеби и не е толку големо, но домашното кафе може да достигне висина и до 2 метри.

Како да го одгледувате?

Кафето потекнува од Африка, така што лесно можете да претпоставите дека ќе има потреба од топлина и од светлина во текот на целата година. При изборот на место за растението, обрнете внимание тоа да биде на осветлено место, но во исто време заштитено од директна сончева светлина. На вашето растение ќе му биде најдобро на температура од 22 до 25 °C. Во текот на летото, дрвото кафе можете да го ставите на балконот или во градината затоа што тоа сака свеж воздух. Треба постојано да го наводнувате, но не треба да претерувате бидејќи тоа може да резултира со гниење на растението.

Уште една главна активност што треба да ја направите во текот на летото е ѓубрењето, а најдобро е да користите цитрусно ѓубриво. Зимската нега на дрвото кафе е малку поразлична бидејќи во овој период растението го забавува својот развој и е во состојба на мирување. Во зима, на растението му е потребна пониска температура, околу 18-20 °C. Освен тоа, во зима не треба да го ѓубрите затоа што не му требаат толку хранливи материи колку што му требаат во пролет.

Најдобра почва за вашето растение

Еден од најважните фактори при одгледувањето дрво кафе е вистинскиот избор на почва. Благодарение на почвата, растението ќе расте правилно и нема да се разболи. На кафето му е потребна плодна и малку кисела почва. Можете да ја користите мешавината која е препорачлива за агруми.

Најчестите грешки при одгледувањето кафе се:

  • премногу ниска температура (под 12 °C)
  • недостиг од светлина
  • премногу влажна или сува почва

Домашно кафе?

Можно е! Ако создадете вистинските услови за вашето кафе, по неколку години тоа може да ви возврати со нежни и мирисливи цветови што ќе формираат ситни, црвени плодови. Соберете ги, излупете ги, исушете ги и испржете ги и ќе имате свое кафе! Иако тоа нема да биде голема количина, фактот дека сами сте го одгледале ќе ве исполнува со големо задоволство.

Можеби сакате да дознаете и како да се грижите за вашите украсни растенија во зима?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар