3 народни обичаи за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот: Направете го ова на Богојавление и ќе откриете со кој ќе се омажите

Вашата животна љубов чека да се сретнете, а вие можете барем да „ѕирнете“ во вашата иднина и да откриете дали идниот сопружник е некој од вашето опкружување! Еве како, според народните верувања, секоја девојка може да открие со кого ќе се омажи…

3 народни обичаи за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот: Направете го ова на Богојавление и ќе откриете со кој ќе се омажите

Се верува дека девојките може да откријат со кого ќе се омажат преку разни трикови и обичаи, а ние ви претставуваме 3 обичаи кои некогаш ги знаела секоја девојка!

Ако сте за вљубени во некого и сакате да знаете дали остатокот од животот ќе го поминете со него, се верува дека златниот прстен може да ви помогне да откриете. Земете неколку влакна од вашата коса и на нив закачете златен прстен, а потоа ставете ја косата со прстенот над чаша вода. Се верува дека ако прстенот трипати удари во чашата момчето што сте го замислиле ќе стане ваш сопруг.

Според друго верување, со помош на едно јајце може да го открие името на вашиот животен партнер. Сварете го јајцето и исечете ја белката од јајце на половина, а жолчката од јајцето нека да остане цела. Извалкајте ја жолчката во сол и спојте ја со белката и на крајот изедете го целото јајце. Потоа, одете на спиење и се верува дека тогаш вашиот сакан ќе ви се појави на сон.

Но, еден од најпознатите обичаи за откривање на вечна љубов е ритуалот со топчиња од тесто за Водици. Тестото за овие топчиња се прави исклучиво од вода и брашно. Направете четири топчиња од тестото, а потоа ставете ливчиња со имињата на вашите симпатии во три и оставете го четвртото празно. Ставете ги топчињата во врела вода и првото што ќе исплива на површината, е љубовта на вашиот живот. Името на саканиот ќе го прочитате од ливчето во топчето. Ако најпрво исплива празното топче на површината, тогаш девојката сè уште не го запознала нејзиниот животен сопатник.

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека оваа година е престапна, па има многу народни верувања поврзани со неа: Еве што не смеете да правите ако сакате да избегнете несреќа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

  1. 5 Reply

    Kafepauza не ви прилега да се брукате со вакви статии (ова е во најмала рака петпарачки текст што го објавуваат порталчиња за кликови). Поздрав

Остави коментар