Како да ја отстраните мочната киселина од телото?

Како да ја отстраните мочната киселина од телото?

Насобирањето мочна киселина може да предизвика болка во зглобовите, па дури и гихт, а овие неколку совети ќе ви помогнат да се ослободите од мочната киселина од вашето тело. Гихт е воспалителна форма на артритис што доаѓа во пароксизмална форма и во форма на црвенило, оток на зглобовите и болка. Понекогаш се манифестира со силни болки при движење, вкочанетост и оток на телото. Честа причина за гихт е вишокот мочна киселина во организмот.

Како да ја отстраните мочната киселина од телото?

Ако бубрезите не можат да ја отстранат целата мочна киселина од телото, таа се кристализира и се таложи околу зглобовите. Ова доведува до почеток на воспалителниот процес.

Како да ја отстраните мочната киселина од телото?

Луѓето кои имаат вишок мочна киселина во своето тело мора да го променат начинот на исхрана. Храната мора да се заснова на свежо овошје и зеленчук. Морската храна, месото, алкохолот и преработените шеќери доведуваат до зголемување на нивото на мочна киселина во организмот.

Треба да пиете колку што е можно повеќе вода, природни сокови, но и растителни чаеви.

Овие се најефикасните лекови за отстранување на мочната киселина од телото:

Сода бикарбона

Измешајте половина лажичка сода бикарбона и чаша вода и пијте еднаш на ден. Ако имате гихт, пијте цела лажичка сода бикарбона растворена во една чаша вода.

Лимонада

Лимонадата го алкализира организмот и помага да се избегнат многу здравствени проблеми, вклучувајќи и гихт. Секое утро, пред појадокот пијте 200 мл топла вода измешана со сок од половина лимон.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет има слично дејство како лимонадата. Помага при создавање алкална средина во организмот. Разредете една лажица оцет во 200 мл вода и пијте двапати на ден, една чаша пред ручекот, а другата пред вечерата.

Храна што го отстранува вишокот мочна киселина:

  • Куркума
  • Ананас
  • Ленено семе

Прочитајте кои 5 додатоци во исхраната помагаат при менструални грчеви и обилно крварење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар