5 додатоци во исхраната што помагаат при менструални грчеви и обилно крварење

5 додатоци во исхраната што помагаат при менструални грчеви и обилно крварење

Од обилно крварење до надуеност, грчеви и промени во расположението, менструацијата навистина може да ви предизвикува сериозни проблеми секој месец. Но, за среќа, постои решение што дава надеж дека некои работи можат да се променат. Станува збор за додатоци во исхраната кои помагаат при надуеност, промени во расположението и грчеви. Пред да започнете да ги земате самостојно, консултирајте се со вашиот лекар.

5 додатоци во исхраната што помагаат при менструални грчеви и обилно крварење

1. Магнезиум

Ако грчевите ви се најголемиот непријател за време на менструацијата, магнезиумот може да ви помогне со нив. Некои гинеколошки истражувања од 2017 година откриле дека овој минерал помага при мигрена и при менструална болка, а одредени видови магнезиум овозможуваат поквалитетен сон, што може да ви помогне за време на менструацијата.

2. Омега-3 масни киселини

Можете да ги најдете кај рибите и кај јаткастите плодови и тие имаат многубројни здравствени придобивки, од намалување на проблемите со срцето до намален ризик од појава на рак на градите. Освен тоа, омега-3 масните киселини може да ги олеснат симптомите за време на вашата менструација. Тие ги намалуваат болките, грчевите и непријатноста за време на менструацијата.

3. Коноплика

Конопликата е мало, медицински многу моќно растение кое им помага на жените да ги надминат природните хормонални состојби, како што се менструалните нарушувања, симптомите на ПМС, менопаузата и враќањето на хормоналната рамнотежа. Конопликата помага во регулирањето на менструалниот циклус и ги намалува симптомите на ПМС како што се грчеви, напнатост, нервоза, болка во градите и сл. Покрај симптомите на ПМС, конопликата се користи и за ублажување на симптомите на менопауза.

4. Ѓумбир

Ако имате обилно крварење, ѓумбирот може да ви помогне да се намали крварењето. Ѓумбирот во прав драстично го намалува крварењето за време на менструацијата и делумно помага при намалување на грчевите.

5. Гинко

Ова дрво има лисја што се богати со антиоксиданти кои можат да помогнат во намалување на воспалението, во зајакнување на циркулацијата и во ублажување на вознемиреноста. Иако научниците сè уште ги испитуваат својствата што ги има ова растение, се смета дека најверојатно може да помогне и при менструацијата. Имено, докажано е дека постои ублажување на симптомите на ПМС кај жените кои консумирале гинко, но сè уште се прават тестирања.

Прочитајте кои 6 грешки ги повторуваат речиси сите девојки за време на менструацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар