6 грешки што речиси сите девојки ги повторуваат за време на менструацијата

6 грешки што речиси сите девојки ги повторуваат за време на менструацијата

Нашите тела се навистина чувствителни за време на менструацијата. Голем дел од навиките што сите сме ги прифатиле во овој период од месецот всушност воопшто не се здрави. Во ваша корист е едноставно да ги заборавите овие погрешни навики.

6 грешки што речиси сите девојки ги повторуваат за време на менструацијата

1. Користење тампони и влошки со избелен памук или вештачка свила

Повеќето хигиенски влошки и тампони се направени од вештачка свила која е слична на полиестерот, како и од избелен памук. Овие продукти можат да содржат траги од пестициди, избелувачи и други токсични состојки, кои пак имаат лошо влијание на плодноста и ендокриниот систем. Долгорочното користење на овие влошки и тампони е штетно за вашето здравје. За среќа постои подобра опција – органски и неизбелени влошки и тампони.

2. Нередовно менување на влошките и тампоните

Колку подолго ја носите влошката или тампонот, толку повеќе се зголемува бројот на бактерии на нив. На овој начин создавате средина погодна за бактериите како стафилококи, кои можат да предизвикаат синдром на токсичен шок. Се препорачува влошката или тампонот да ги менувате на секои 4 до 8 часа.

3. Користење миризливи продукти

Никоја девојка не сака да мириса непријатно, особено не во овие денови. Но, користењето продукти со мирис за време на менструацијата не е добра идеја. Овие продукти можат да го иритираат телото и да предизвикаат бактериски и габични инфекции бидејќи се полни со хемикалии како парабен. Најдобро е да ги избегнувате влошките, тампоните и купките со мирис за време на вашата менструација.

4. Недоволно спиење

Може да биде навистина тешко да заспиете со грчевите, немирот и несоницата кои доаѓаат со менструацијата. Но, квалитетниот сон е навистина потребен во овој период. Недостатокот од сон е вистински стрес за вашето тело и може да ја наруши рамнотежата на хормоните, а со тоа и да ви го влоши расположението. Додека спиете, телото има време да го зајакне имунитетот и да закрепне, па обидете се да спиете барем 7 часа секоја вечер.

5. Избегнување физичка активност

Покрај тоа што е одличен начин да се справите со стресот и да се ослободите од токсините, вежбањето може да ги намали менструалните грчеви и да го подобри квалитетот на сонот. Се препорачува да вежбате секој ден по 30 минути, дури и кога имате менструација. Едноставните активности како пешачењето, возењето велосипед или пливањето можат значително да ги намалат менструалните болки.

6. Пиење кафе

Недостатокот од сон, заморот и главоболката можеби ви изгледаат како одлична причина за шолја кафе или чај. Но, кофеинот може да предизвика дехидратација, па овие симптоми ќе станат уште полоши. Намалете го внесот на кофеин за време на менструацијата и на тој начин ќе ги намалите напнатоста, несоницата и тегобите. Доколку чувствувате болки во градите неколку денови пред почетокот на менструацијата, обидете се целосно, или што е можно почесто да го избегнувате кофеинот.

Погледнете и кои се менструалните проблеми што не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар