Како да ја одберете вистинската перница за вас?

Дали спиете на грб, на стомак или на страна? Всушност, треба да ја одберете вашата перница според положбата на спиење.

Како да ја одберете вистинската перница за вас?

Доколку спиете на грб, за вас идеални се плитките и помеки перници. Оние пак кои спијат на страна, потребно е да имаат поцврста потпора за вратот. Доколку се превртувате во текот на целата вечер, најдобар избор е меката перница со средна висина.

Доколку постојано имате проблеми со спиењето, а сте ги пробале сите трикови за подобро спиење, можеби вината е во вашата перница. Важно е перницата да ја менувате на секои 3 години, за да може да ви ја даде потребната поддршка. Со текот на времето перниците ја губат нивната форма, па можат да предизвикаат проблеми со спиењето, но и со вратот и грбот.

Дали е време да ја замените перницата?

Можете да го одредите ова со едноставен тест. Ставете ја перницата врз рацете – доколку се свитка од страните, време е за нова.

За да го тестирате квалитетот на перницата, ставете ја на тврда површина и притиснете во средината. Перницата со добар квалитет ќе се врати во првобитната положба, штом ќе ја тргнете раката.

Која перница е најдобра за вас?

Иако ова зависи од вашиот вкус, како што споменавме, важна е и положбата на спиење. Доколку секогаш спиете на грб, одберете перница која е мека и која нема премногу да ја подига вашата глава. Цврстите и високи перници се добри за спиење на страна бидејќи ги израмнуваат ‘рбетот и вратот. Исто така, доколку спиете на страна можете да ставите уште една перница помеѓу нозете за да ја спречите појавата на болки во долниот дел од телото.

Многу луѓе спијат во разни положби во текот на ноќта, па поради ова нема совршена формула за одбирање перница. Доколку сте во ваква ситуација, најдобро е да одберете перница со средна висина која нуди поддршка додека спиете на страна, но е и доволно ниска за да спиете на грб. За да го продолжите рокот на траење на перниците, добро е секој ден да ги протресувате за да не се спласнат многу брзо.

Погледнете и како да спиете во омилената положба без да му наштетите на здравјето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар