Цртани филмови кои најмногу му штетат на детскиот развој

Цртани филмови кои најмногу му штетат на детскиот развој

Руските психолози спровеле истражување во кое ги навеле цртаните филмови коишто имаат најопасно влијание врз детскиот ум. На прво место се нашол цртаниот филм „Маша и медо“.

Цртани кои најмногу му штетат на детскиот развој

Во истражувањето тие истакнале дека главната хероина, Маша, се однесува лошо, предизвикува проблеми, прави гестикулации… Научниците сметале дека ова може лошо да се одрази на децата кои лесно можат да помислат дека ова однесување е нормално. Цртаниот филм „Маша и медо“ не е познат само во Русија, туку и во Италија, Велика Британија, Германија, Индонезија, како и во Македонија и соседните држави. Според истражувачите, популарноста на Маша во муслиманскиот свет е поради тоа што нејзината глава е покриена со марама.

Американскиот цртан филм „Средно училиште за чудовишта“ (Monster High) се нашол на второто место. Психолозите сметаат дека вокабуларот на ликовите може лошо да влијае на децата.

На трето место се нашол популарниот цртан „Сунѓерот Боб“, бидејќи главниот лик е премногу себичен и ги критикува возрасните.

На четвртото место е американската класика „Том и Џери“, наводно бидејќи главните ликови се однесуваат многу насилно.

Погледнете и кои се инспиративните филмови што треба да ги изгледате со вашето дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар