Како да изградите минималистички моден стил?

Како да изградите минималистички моден стил?

Минимализмот е тренд кој трае веќе неколку години и опфаќа неколку различни категории – од мода до убавина, па сè до начин на живот. Но, што значи да имате минималистички гардеробер? Станува збор за едноставност… Размислете за класичните, скроени силуети во неколку неутрални бои.

Како да изградите минималистички стил?

Овој стил има многу предности, а една од нив е и штедењето време во утринските часови, во кои настанува паника и се појавува прашањето „Што да облечам?“ Поради неутралните бои, секое парче гардероба може да се комбинира меѓусебно, што ви овозможува да имате голем број различни комбинации.

Колку помалку колоритна облека имате, толку полесно ќе ви биде да се справите со неа. Исто така, не е лошо да ја подготвите облеката уште од претходната вечер, за да заштедите наутро повеќе време. На овој начин ќе заштедите и пари, нема постојано да купувате нови парчиња бидејќи ќе ви бидат доволни само неколку маици, панталони и други додатоци.

Дали треба да го испробате ваквиот стил на облекување и како? Дознајте во продолжение:

Исчистете го и средете го вашиот плакар

За почеток, треба да го отстраните вишокот работи кои не сте ги носеле подолго време или пак кои не ви се допаѓаат повеќе. Ставете ја целата облека на креветот, а потоа распределете ја во 3 категории: „задржи“, „фрли“ и „донирај“. Фокусирајте се на облеката во која се чувствувате удобно и која може да ја носите многу често, а сепак да не изгледа старо и износено.

Држете се до основните парчиња

Следно што треба да направите е да го дополните вашиот гардеробер со основните парчиња:

  • Бела маица
  • Тегет блејзер
  • Здолниште со А-крој
  • Темни фармерки
  • Бела кошула
  • Ров мантил во беж нијанса
  • Црни панталони
  • Свилена маица на прерамки
  • Тексас јакна
  • Блуза со пруги
  • Бели панталони
  • Мал црн фустан
  • Џемпер

Побарајте инспирација

Доколку сте нови во овој минималистички тренд, можеби ќе ви биде малку тешко да смислите што да носите. Затоа, социјалните мрежи се тука да ви помогнат. Еве неколку предлози од нас:

Како да изградите минималистички стил?

Како да изградите минималистички стил?

Како да изградите минималистички стил?

Како да изградите минималистички стил?

Како да изградите минималистички стил?

Како да изградите минималистички стил?

Погледнете ги и овие летни модни трендови кои се враќаат на голема врата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар