Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Оние кои ја следат модата знаат дека трендовите постојано се враќаат. Тоа што било модерно пред десет години, денес не би го облекле ни за жива глава. Но, од друга страна, можеби за неколку години токму тие облеки ќе станат актуелни. На почетокот на новиот милениум, кога фармерките со низок струк беа најголем тренд, никој од нас не можеше да замисли дека десетина години подоцна фармерките со висок струк ќе им станат најомиленото модно парче на девојките.

Во продолжение прочитајте кои модни трендови ќе бидат повторно актуелни, а чие враќање беше целосно неочекувано.

Тај-дај шара

Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Иако тај-дај е интересен начин да се внесе ведрина во секојдневните модни комбинации, сепак никој не очекуваше дека овој дезен повторно ќе стане актуелен. Тај-дај е техника на фарбање која е одамна позната, но годинава на големо се враќа на модните писти. Хипи стилот од седумдесеттите години на минатиот век сѐ уште ја пишува својата приказна, па и денес ќе го гледаме во прилагодена варијанта.

Карго панталони

Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Овие вреќести панталони со многу џебови нѐ асоцираат на опуштен, гранџ изглед. Но, модните дизајнери оваа сезона покажаа дека тие можат да се искомбинираат и на еден поелегантен начин. Нема да згрешите доколку ги искомбинирате со кроп топ маичка и високи потпетици. Напротив, ќе изгледате многу урбано!

Бициклистички панталони

Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Да, панталончињата кои ги обележаа деведесеттите години на минатиот век се враќаат во полн сјај. Доколку не сте нивен најголем љубител, искористете ги за слоевито облекување. Ако некое фустанче ви се допаѓа, а е прекратко, под него облечете бициклистички шорцеви. Секако, доколку сакате да им ставите акцент на панталоните, можете да ги комбинирате со интересни маички и кошули.

Апостолки

Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Апостолките се најудобната обувка за време на летото. Но, оваа година тие добија целосна модна преобразба. Модните блогерки смело ги вметнуваат во своите модни комбинации, а сѐ почесто ги гледаме и на модните писти. Одличен спој на удобното и модерното, нели?

Погледнете и која чанта е повторно во тренд летово.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар