Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Дали сте забележале дека во последно време правите повеќе тешки воздишки отколку што произведувате насмевки на вашето лице? Дали чувствувате дека нешто не ви дозволува да го живеете животот на начин на кој навистина сакате? Дали сте заборавиле какво е чувството на целосна исполнетост и верба во себе? Не мора да биде така. Вие заслужувате да оставате силен впечаток со своите постапки секој нов ден и сè што ќе направите да се вбројува во вашите успеси и подвизи.

Секако дека не треба да целите кон утопија, бидејќи совршенството е илузија. Но зошто да не се будите наутро радувајќи му се на денот и чекајќи да видите какво ново изненадување ќе ви приреди? Наместо да го одлагате вашето станување од кревет наутро и да го исклучувате алармот, скокнете на нозе при првото ѕвонење и подгответе се за новиот ден. Да, лесно е да постапите така кога го живеете животот онака како што сакате.

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Ви се смачи да бидете безволни, да се однесувате меланхолично и без желба и енергија за ново животно искуство? Во тој случај ова се седумте работи кои мора да ги направите.

Секогаш, секогаш следете ја вашата страст!

Секојдневно сме сведоци на личности кои неволно си ја работат својата работа. Заглавени се во лавиринтот на незадоволството и не само што лошо си ја вршат работата туку и им отежнуваат на оние околу себе. Гледате службеничка во банка која попрво би била каде било во светот отколку на нејзиното работно место, и ви станува јасно дека не сакате и вие да бидете заробени цел живот работејќи нешто што не ви е по ќеф.

Она што треба да го направите е да ја одредите својата страст и да тргнете кон неа без размислување! Некој ви вели дека е глупаво или невозможно или дека многу сонувате? Можеби е невозможно за него, што не значи дека би било и за вас!

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Сакате да фотографирате, пишувате, цртате, да имате своја продавница, да станете професионален организатор на настани, можеби стилист, професор… што уште не! Имате толку многу опции, што е она што ви го диктира срцето?

Убавината на животот е кога наутро итате кон вашето работно место знаејќи дека ќе направите промена во нечиј живот, дека некому ќе му помогнете, дека нешто вие ќе научите или пак ќе го пренесете знаењето на некој друг.

Не задоволувајте се со малку

Нема да речете дека е во ред онака како што веќе стојат работите, или да се лажете себеси дека не можете повеќе само затоа што ве мрзи да ја исправите главата од перница и да почнете да го спроведувате вашиот сон во јаве.

Да, претераната амбициозност не ви носи ништо добро, но ве молам, слободно поседувајте ја амбициозноста како карактеристика во умерени количини. Секогаш можете повеќе и целете кон тоа да постигнете нешто плус. Не зборувам само за пари или кариера, туку поголемо искуство или повеќе знаење.

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Продолжете да учите

Уште од основно не можеме да дочекаме нашето образование да заврши и да дојде тој момент кога ќе држиме во рака диплома, знаејќи сè што треба да знаеме. Не постои човек кој знае сè и чии знаења не можат да се надополнат. Како што сè повеќе се доближувам до моментот кога ќе го завршам формалното образование, желбата за знаење и откривање на светот сè повеќе расте во мене. Никогаш нема да бидете сезнајковци и секогаш ќе треба да научите нешто ново, инаку нели животот би бил здодевен до бол?

Неактивниот мозок не е продуктивен. Секогаш задавајте си нова задача. Искуство кое треба да го стекнете, вештина која треба да ја совладате, книга која треба да ја прочитате. Продолжете со учење, формално или не. Никогаш не знаете каков интерес ќе поттикне во вас она што сте го прочитале. Никогаш не знаете која ќе биде новата брилијантна идеја што ќе ви падне на памет.

Вежбајте трпеливост

Со цел да ја стекнете трпеливоста како навика, мора да бидете изложени на ситуации кои од вас бараат да бидете трпеливи. Вие можете да го испланирате својот живот во детали, но работите ќе се случат тогаш кога ќе биде вистинското време.

Секако дека треба да имате цел, дека треба да знаете каде се движите и да се поттикнете себеси на работа што би резултирала со успех. Но не брзајте да стигнете веднаш до крајот и до моментот кога работата ќе ви се исплати и сите ќе бидат воодушевени давајќи ви позитивни критики. Работете, стремете се кон вашите цели, но бидете многу трпеливи за исходот. Тоа ќе ве направи многу помудри и повешти.

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Имајте верба

Ви се чини дека сте во соба со заклучени врати и не можете да најдете излез? Имајте верба дека еден ден ќе пронајдете прозорец кој ќе ве ослободи. Вербата е еден од клучните елементи во животот. Без разлика дали сте религиозни или пак верувате генерално во позитивна енергија која ќе ви помогне да се справите со лошите моменти, важно е да имате верба.

Многумина нашле излез од многу полоши ситуации од вашата. Како пример земете ги оние кои немале ништо, а постигнале многу. Вие може да ја имате способноста да пронајдете изум кој ќе го промени светот, но сè додека немате верба и ги слушате оние кои ви велат дека не можете, вие нема да се помрднете ни со прст, а тоа е жалосно.

Не ограничувајте се себеси

Единствениот кој може да ве спречи на вашиот пат кон остварување на целите сте самите вие. Најчесто самите сме си најголеми непријатели на себеси. Ќе се согласиме на нешто што не ни одговара, ќе одбереме да не работиме напорно за она што го заслужуваме, ќе им се предадеме на оние кои мислат дека се подобри од нас.

Вие одбирате каде ќе одите, што ќе правите и како ќе го живеете својот живот. Не ограничувајте се. Истражете ги своите интереси, истакнете се на нови полиња, пронајдете нов интерес.

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?

Малку себичност не е на одмет

Не живеете за постојано да им ги олеснувате животите на сите околу вас, туку за да живеете онака како што сакате, а тоа некогаш бара и малку себичност. Ако не знаете да кажете „не“ кога некој ќе побара нешто од вас, тогаш ќе бидете принудени да си правите противуслуга на самите себе.

Да, треба да мислите и на другите, но исто така и на себеси. Никогаш нема да успеете секому да му угодите, а неретко нема да добиете ни едно „благодарам“. Вие сте личноста на која примарно треба да се фокусирате. Издвојте време да му помогнете на оној кој знае да ја цени вашата помош и само тогаш кога со таа услуга не си штетите себе.

Не значи дека сте лоша личност ако речете „не“. Не значи дека постојано треба да им помагате на другите и секогаш да им излегувате во пресрет притоа уништувајќи си ги сопствените можности за успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар