Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

Одвреме-навреме доаѓаат моменти кога се запрашуваме што сакаме да правиме во животот или пак како да го постигнеме она што знаеме дека е наша страст. Еве некои совети кои ќе ви помогнат да ја пронајдете страста и да ги остварете своите цели.

Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

Која е вашата страст во животот?

Не е толку едноставно. Имаме многу можности и не сме сигурни што најмногу би ни годело и која професија би била најпогодна за нас. Еве една мала игра која може да помогне. Земете лист хартија и во 5 групи напишете по 2 работи кои уживате правејќи ги или нешто за што мислите дека навистина сте способни. Размислете, за што навистина сте способни и во што вистински би уживале? Нештата не мора да бидат меѓусебно поврзани.

Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

Потоа разгледувајте ги одделно, група по група. Во првата група одберете една од двете работи кои сте ги навеле. Ако не можете да одберете, затворете ги очите и помислете само на првата работа, исто како втората воопшто да не постои. Замислете дека го работите тоа, дека тоа е вашата професија. Како се чувствувавте, колку ве исполнува? Што би правеле во текот на денот, колку би биле успешни? Потоа размислувајте за истите нешта, само замислете дека ја работите втората работа без првата воопшто да постои. Откако ќе ја одберете работата која повеќе ви одговара, пречкртајте ја другата. Потоа повторете ја истата постапка со останатите четири групи. Петте работи кои ви останаа непречкртани, напишете ги настрана на листот. Тоа се вашите пет главни страсти во животот.

Пронајдете ја мотивацијата

Сите имаме макар по еден пријател или член на семејството, кој вистински нè познава и вистински може да нè ислуша. Зборувајте со него/неа за вашите 5 страсти. Ќе ве мотивира со тоа што искрено ќе ви посочи зошто би требало да правите некоја од наведените работи и ќе ве увери дека поради одредени особини кои ги поседувате, токму вие би биле совршени за одредена работа. Само започнете го разговорот со: Што мислиш, би бил/а добар/ра во некое од овие нешта? и оставете разговорот да се развива.

Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

Не оставајте мотивацијата да спласне. Секојдневно интересирајте се за работи кои на кој било начин се поврзуваат со вашите страсти. Информирајте се и читајте, надградувајте ги своите знаења. Потрудете се да најдете макар волонтерска работа поврзана со некое од петте нешта кои ги одбравте. Така ќе проверите дали таквата работа ве исполнува и ќе останете мотивирани.

Приредете забава за идеи

Имате одредена цел или повеќе цели, знаете што би сакале да правите, имате свои желби, но седењето дома и размислувањето за нивното остварување изолирани од светот, нема да ви помогне. Користете ја секоја можна прилика да комуницирате со различни личности и да разменувате мислења и идеи. Проширете го кругот на пријатели и познајници. За ова треба време, па нека биде ваша мисија.

Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

Исто така, одлично е доколку имате можности да приредите забава за идеи. Повикајте ги вашите пријатели, блиски и далечни и побарајте од нив да дојдат со уште една или две личности. Започнете со кежуал разговори и друштвени игри. Како што поминува вечерта, разговарајте за вашите страсти и идеи. Би биле изненадени како лесно можете да најдете контакти кои би ви помогнале во остварувањето на вашите цели, луѓе кои ќе ве мотивираат или ќе ви предложат решенија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар