Како да го вметнете ултрапопуларниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Ацтеки стилот е вртоглаво популарен оваа сезона, па не заборавајте во вашиот плакар да вметнете макар едно парче со ваков дезен. Она што е одлично за облеката и аксесоарите во ацтеки стил е што лесно се вметнуваат во секаква комбинација од секојдневен изглед за на кафе до свечен настан.

Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Овој стил се базира на дезени, шари и текстури инспирирани од народен фолклор кои успешно стигнаа до модните писти. Сепак, во обидот да го инкорпорирате ацтеки стилот во вашиот секојдневен изглед, лесно би можеле да постигнете спротивен ефект и да изгледате небаре сте се маскирале во народна носија. Еве како успешно да го носите ацтеки дезенот во која било комбинација, избегнувајќи несакани ефекти.

Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Не заборавајте дека акцентот е на ацтеки стилот

Овој дезен е полн со шари и различни текстури и самиот по себе остава впечаток. Не комбинирајте го со парчиња облека во дречливи нијанси и шари, туку со едноставно еднобојно парче. Лесно може да го „пренакитите“ вашиот изглед, затоа покрај парчето во ацтеки дезен, другиот дел од облеката нека биде што е можно поедноставен. На пример, ацтеки здолниште или панталони може да искомбинирате со тексас кошула или лесна еднобојна маичка.

Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Ацтеки стилот може да биде едноставен и елегантен

Прво нешто што ни паѓа на памет кога ќе чуеме за овој стил, се дречливите бои и дезени, но не мора да биде така. За разни пригоди и поелегантни комбинации може да одберете едноставни и не толку впечатливи парчиња облека, кои повторно ги комбинирате со еднобојни парчиња и едноставен накит.

Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Не заборавајте на аксесоарите

Доколку не ви се допаѓа облеката во овој стил, пробајте со аксесоарите. Побарајте аксесоари кои би можеле да се вклопат во вашиот стил. На пример, сандали во ацтеки стил одлично ја разбиваат монотонијата на секојдневниот изглед, а истото важи за чантите, марамите за коса и накитот. Сепак летната сезона налага поголема слобода во облекувањето па бидете смели да испробате нови трендови.

Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар