Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas)

Филм за пријателството, љубовта и за една луда и незаборавна ергенска забава

Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas)Режија: Џон Тартлтаб

Улоги: Мајкл Даглас, Роберт Дениро, Морган Фримен, Кевин Клајн

Времетраење: 105 минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 ноември 2013

Жанр: комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 9.20 од 10)
Loading...

Зарем еден филм во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Даглас, Роберт Дениро, Морган Фримен и Кевин Клајн би можел да биде лош? Секако дека не. Ова е еден од оние забавни и лесни филмови кои се гледаат во еден здив и кои откако ќе завршат ве оставаат во одлично расположение. Станува збор за 4-ца најдобри пријатели, кои на возраст од 60-тина години решаваат да му приредат ергенска забава на нивниот последен сингл пријател.

Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas)Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas)

Се започнува со ненадејното запросување на Били (Мајкл Даглас). Тој за време на погребот на неговиот ментор, без никакво претходно размислување решава да ја запроси својата два пати помлада девојка од него. Таа пресреќна, ја прифаќа понудата и тие решаваат што побрзо да стапат во брак. Били им ги пренесува големите новости на своите пријатели Арчи (Морган Фримен) и Сем (Кевин Клајн) кои веднаш одлучуваат да му ја приредат најдобрата ергенска забава досега. Сѐ што преостанува е само да најдат начин како да го повикаат и нивниот четврт член на дружината, Педи (Роберт Дениро) кој последниве неколку години не е во добар однос со Били.

Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas) Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas)

Работите некако успеваат да тргнат според планот и сите патуваат во Вегас, каде што сфаќаат дека нештата многу се измениле во последниве 30-тина година. Но, тоа нема да ги спречи да се однесуваат како да се многу помлади и токму поради тој договор ќе започне и најлудиот викенд од нивниот живот.

Овој одличен филм во себе носи моќна порака за значењето на пријателството и љубовта. За давањето на втора шанса како и за самиот живот. Но, најважно од сѐ, ќе ви покаже дека без разлика на вашата возраст, доколку сте заедно со вашето друштво вие можете да го освоите и светот.

Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas) Филм: Последен пат во Вегас (Last Vegas)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар