Како да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?

Изгледа дека има нов тренд на повидок – ниските потпетици. Оваа сезона високите потпетици паднаа на второто место, веднаш зад патиките, балетанките, оксфордките и другите обувки кои имаат рамен ѓон. Оваа сезона се напушта мислата дека „за убавина треба да се трпи“ и ни овозможува мал одмор со помош на женствените и елегантни удобни модели кои не вклучуваат високи потпетици. Но, како со нив би можеле да го постигнете ефектот кој високите потпетици го имаат врз издолжување на нозете?

Како да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?

1. Внимавајте висината на вашите обувки да не ги надминува глуждовите. Исто така имајте ги на ум дизајните со ремени на страна и комбинирајте со длабок шлиц. На овој начин вие дискретно ги откривате вашите нозе, а со тоа предизвикувате тие визуелно да изгледаат подолги. За време на студените денови, се препорачува комбинирање на хулахопки со светли бои.

2. Оној дел каде што вашата гола нога е откриена е одличен визуелен трик за издолжена фигура, која совршено може да се комбинира со балетанки или оксфордки. Во овој случај носете пантолони кои достигнуваат најмногу до средината од глуждот.

3. Истата боја на обувки и пантолони со сигурност визуелно ќе ви подари неколку сантиметри. Ниските потпетици кои се со кремаста, беж или боја на карамел во комбинација со слична нијанса на пантолони дополнително ќе го засили ефектот на долги нозе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар