3 евтини состојки со кои ќе го исчистите целиот дом

Скапите средства за чистење не се секогаш неопходни. Понекогаш доволни се и некои работи кои веќе ги имате дома и се многу поевтини.

Три евтини состојки со кои ќе го исчистите целиот дом

Сода бикарбона

Сода бикарбоната има абразивни својства кои можат да бидат од голема помош во борбата со нечистотијата на металните површини кои бара повеќе стругање. Исто така, можете да ставите малку сода во затнат одвод, а кога ќе додадете и врела вода таа ќе почне сама да работи на одзатнувањето. На крај, може да ја искористите и за чистење на прозорците. Неколку лажичиња сода помешани со малку вода можат многу ефикасно да се изборат со маснотиите и другите нечистотии кои остануваат на стаклото.

Алкохолен оцет

Нема нешто во домот што не можете да го дезинфицирате со алкохолен оцет – од штицата за сечење, преку садовите, па сè до ВЦ школката. Мешавина од него и вода во сооднос 1:2 е најевтиниот начин да се справите со маснотиите кои не сакаат да излезат од садовите во кои готвите или бигорот.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да ги светне вашата кожа и коса, но и мебелот во домот. Ставете малку од него на крпа и искористете го како замена за скапите хемиски средства. Можете да ги пребришете сите дрвени површини од столиците и комодата, до креветот и паркетот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар