Рани симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате

Луѓето често забележуваат необични здравствени симптоми со месеци пред да се одлучат да одат на лекар, бидејќи се плашат да не бидат доживеани како хипохондрици, чекаат да поминат сами од себе, не им веруваат на докторите или пак, свесно одложуваат поради страв од болест. Но, одложувањето е најлошото нешто што можете да го направите, бидејќи денес поголемиот број од карциноми можат целосно да се излечат доколку се откријат во рана фаза.

Рани симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате

Според една студија која вклучувала над 1.700 личности кои страдаат од некаков вид рак, постојат неколку основни симптоми кои доколку ги почувствувате (особено ако сте постари од 50 години), мора веднаш да го посетите вашиот доктор:

  • Упорно кашлање кое не е поврзано со настинка, а трае подолго од 3 недели
  • Необјасниво губење на телесната тежина
  • Рана која не заздравува
  • Крвавење – без разлика дали е во урината, столицата или нередовно крвавење помеѓу циклусите
  • Тапа и необјаснива болка
  • Бемки со неправилен облик или сомнителна боја


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар