Како правилно да трчате надвор во зимските месеци?­

Трчањето во зима бара повеќе подготовка отколку само облекување на патиките. Потребно е внимателно да размислите за подготовките и за самото трчање. Но, тоа не значи дека е невозможно. Овие совети од фитнес експерти ќе ви помогнат да останете активни и во студените месеци.

Како правилно да трчате надвор во зимските месеци?­

Останете хидрирани во текот на трчањето

Јасно е дека потребно е да понесете вода кога трчате во летните месеци. Но, кога надвор е студено, предоцна ќе сфатите дека сте дехидрирале.

„Кога вежбате на студено, не чувствувате дека се потите. Лесно е да дехидрирате во зима бидејќи не чувствувате дека губите вода“, изјавила Кејти Барет, фитнес инструктор.

Одберете ја вистинската облека

Покријте ја целата изложена кожа кога трчате на ниски температури. Но, важно е да одберете материјали кои нема да предизвикуваат многу топлина. Бред Луптон, дел од тим за триатлони од САД, советува да се облечете како температурата да е 10-тина степени повисока од она што е.

„Потребно е малку да ви студи кога ќе почнете бидејќи многу брзо ќе се загреете. И не заборавајте на ракавиците!“

Слоеви

Важно е да носите облека во слоеви која е удобна и топла. Најдобро е да облечете сукња за трчање над хеланките, како и неколку блузи. Можете да пробате да трчате и со шал кој ќе ви ги заштити лицето и устата.

Внимавајте на чекорите

Една од најголемите опасности од трчањето во зима е паѓањето. Лесно можете да изгубите рамнотежа ако има мраз или снег.

„Важно е да внимавате каде го поставувате стапалото. Најголеми се шансите да паднете ако трчате премногу брзо и не обрнувате внимание на вртењето“, изјавил Кајл Кранц, онлајн тренер за трчање.

Тој исто така советува дека е најдобро целосно да застанете кога свртувате или кога ја менувате насоката зимно време.

Бидете видливи

Во зима деновите се пократки, па ова им отежнува на возачите да ги забележат луѓето кои трчаат. Потребно е да инвестирате во рефлективна опрема.

„Лесно е да се совпаднете со вашето опкружување кога трчате наутро или навечер, а понекогаш и во текот на денот. Па, секогаш носете нешто што рефлектира светлина кога одите да трчате“, советува Моника Лам-Фејст, фитнес експерт.

Трчајте со пријател

Подготовката за трчање во зима повеќе е ментална отколку физичка. Навистина ќе бидете во искушение да останете дома на топло. Па, затоа трчајте со пријател. Не само што ќе бидете побезбедни туку и полесно ќе ја постигнете вашата цел.

„Потешко е да се откажете од трчањето кога ве чека некој. Исто така е полесно кога имате со кого да комуницирате. Овозможете си и некаква награда – можеби ќе трчате со пријателот за на крајот да отидете на кафе“, вели Меган Кенинган, личен тренер.

Почнете бавно и полека зголемувајте го темпото

Дури и ако сте експерти во трчање, вежбањето на ниски температури носи нови предизвици. Па, почнете полека и зголемувајте ја вашата издржливост.

„Не форсирајте го растојанието ако не сте навикнати да трчате на студено. Почнете со 1-2 километри и не брзајте. Потребно е да му дозволите на телото да се навикне на студениот воздух, особено на вашите бели дробови, лице и мускули на вилицата“, советува Руи Ли, личен тренер со специјализација за спречување повреди.

Пријавете се за некоја трка

За луѓето кои сакаат трки, зимата е изненадувачки одличен период да го направат тоа. Обично има помалку натпреварувачи, цената е пониска и ќе ја избегнете гужвата.

„Зимските месеци се одлични за трки. Само не заборавајте да понесете топла и сува облека за кога ќе завршите“, изјавил Џоан Скриванич, психолог за вежбање и тренер за трчање.

И се разбира, бидете горди на тренингот. Ретко кој излегува да трча во зима.

Дознајте и кога е премногу студено за трчање надвор.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар