Истражувањата откриваат: Како ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот?

Истражувањата откриваат: Како ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот?

Сите сакаат да ја запознаат љубовта на нивниот живот со која ќе останат засекогаш заедно. Луѓето се во постојана потрага по нивната сродна душа на социјалните мрежи, во кафулиња, барови и дискотеки со надеж дека ќе се вљубат додека танцуваат на омилените хитови. Меѓутоа, сигурно сте забележале дека таквите средби не се многу успешни. Дали некогаш сте се запрашале каде постои најголема веројатност да го запознаете вистинскиот или вистинската? Не сте единствени. Научниците, социолозите и љубовните експерти се исто така љубопитни кога станува збор за ова прашање.

Истражувањата откриваат: Како ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот?

Од таа причина, постојат многу истражувања на оваа тема. Најновите студии откриле кое е местото каде што најверојатно ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот, кога ќе се случи тоа и што ќе биде потребно да направите за да стапите во брак.

Да почнеме со годините

Според некои истражувања, жените ќе го запознаат нивниот иден сопруг на 25-годишна возраст. Мажите ќе ја запознаат нивната сродна душа малку подоцна, кога ќе имаат околу 28 години.

Како ќе се запознаете?

Резултатите од истражувањата покажале дека поголемиот дел од луѓето ги запознале нивните сопружници преку заеднички пријатели. Околу 38% од врските започнале благодарение на пријатели на пријатели. 22% од испитаниците одговориле дека ја нашле нивната љубов на некаков социјален настан. Истото истражување испитало како врските се развивале по првата средба. Половина од најуспешните врски започнале како платонско пријателство.

Друго истражување дошло до слични податоци. Имено, тоа открило дека 30% од сите современи врски започнале благодарение на заеднички пријатели. На второ место било запознавањето во бар или ресторан. На трето место се нашло запознавањето преку социјални мрежи, но сите знаеме колку ужасно може да биде тоа.

Кога мажот ќе биде подготвен да предложи брак?

Постојат неколку истражувања што ги откриле факторите кои влијаат на подготвеноста на мажите за брак. Ова се нивните сознанија…

Истражувањата откриваат: Како ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот?

1. Мора да бидат финансиски стабилни

Повеќето мажи не ни помислуваат на брак додека не најдат стабилна работа и кариера. Ова е многу логично и научно докажано.

2. Мора да бидат на одредена возраст

Мажите со завршено средно образование размислуваат да се венчаат на 23 до 25 години. Момците со завршено високо образование почнуваат да размислуваат за брак на 25 до 29-годишна возраст, додека пак оние со завршени постдипломски студии се „чуваат“ до 32 години.

3. Но, не смеат да претераат со чекање

Откако ќе наполнат 38 години шансите за брак кај мажите драстично се намалуваат.

4. Мажите одлучуваат да стапат во брак затоа што им се смачило од љубовните состаноци

Поголемиот дел од мажите сакаат да бидат со различни жени и да имаат редовен секс. Меѓутоа, исто како и на жените и ним може да им се смачи од љубовните состаноци. Мажите мора да се изморат од одењето на љубовни состаноци со различни жени за да посакаат да стапат во посериозна врска и да го преземат следниот чекор во животот.

5. Мажите одлучуваат да се венчаат и поради тоа што чувствуваат дека не припаѓаат на местата за љубовни состаноци

Баровите се полни со млади луѓе и жените мислат дека таму можат да ги најдат нивните идни сопрузи. Доколку мажите почувствуваат дека се премногу стари за да одат по такви места, почнуваат да ја бараат „вистинската“. Други, пак, не можат да го издржат темпото на постојани излегувања и им треба постабилен живот.

Па, каква е вашата љубовна иднина?

Најверојатно ќе ја сретнете вашата вистинска љубов во средните или доцните 20-ти години од животот. Ќе се запознаете додека сте излезени со пријателите, преку заеднички пријател или преку социјалните мрежи. Мажот за да посака да стапи во брак мора да му е смачено од излегувањето на љубовни состаноци и да има изградено стабилна кариера.

Во продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар