И Библијата ги спомнува: 5 одлични придобивки од маслиновите гранчиња

Неверојатното влијание на маслиновото масло на нашето здравје е одамна познато, но ретко кој знае дека и лисјата од маслинката се лековити. Повеќето од нас уживаат во консумирањето маслиново масло и добро сме запознаени со неговата лековитост, но не знаеме дека и маслиновите гранчиња можат да ни помогнат за многу нешта.

Токму листовите од маслинката се традиционален лек кој со векови се користи за терапевтски намени. Референца за неговата лековитост може да се пронајде дури и во Библијата.

Еден од основните состојки во листот на маслинката што се нарекува олеуропеин, содржи антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Неколку истражувања покажале дури и дека го намалува крвниот притисок, како и шеќерот, а во себе содржи повеќе антиоксиданси и од зелениот чај. Денес најчесто се користи во форма на екстракт или како чај.

Погледнете ги во продолжение неверојатните здравствени придобивки од маслиновите листови и подгответе се да бидете воодушевени.

1. Помага при остеопороза. Олеуропеинот го поттикнува развојот на клетките коишто се заслужни за развојот на коските, па на тој начин помага во превенцијата и лечењето на остеопорозата.

2. Лечи бактериски и вирусни инфекции. Микроорганизмите како бактериите и вирусите се беспомошни во борба со олеуропеинот. Тој ја спречува нивната репродукција и тие не можат да продолжат да се шират во организмот.

3. Го спречува стареењето. Слободните радикали ѝ штетат на кожата, а листовите од маслинката се богати со антиоксиданси кои ги уништуваат и ја ревитализираат кожата.

4. Го намалува крвниот притисок. Експертите докажале дека олеуропеинот ја подобрува циркулацијата, го спречува создавањето на крвни згрутчувања и го намалува притисокот.

5. Се бори против лошиот холестерол. Многу состојки во лисјата од маслинка го спречуваат формирањето на лошиот холестерол во нашиот организам.

Рецепт за чај од маслинови лисја

Потребни состојки:
  • 15-30 исушени листови од маслинка
  • 2-3 децилитри вода
Начин на подготовка:

Ставете ги листовите во водата и варете 10-тина минути. Потоа тргнете ја водата од оган и оставете ја да се олади околу 15-тина минути. По желба додајте лимонов сок и мед за да го збогатите вкусот. За максимален ефект, пијте го овој чај редовно барем неколку недели.

Прочитајте ги и овие 7 придобивки од секојдневното пиење маслиново масло.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар