Необичната мода помеѓу жените на племето Каван

Разновидната култура на Мјанмар е дел од уникатниот идентитет на оваа држава. Омар Реда е еден од фотографите што имал чест да ги посети различните племиња кои живеат во таа област, вклучувајќи го и племето Кајан, каде што жените носат тешки ланчиња околу нивните вратови. Според нивното верување, овие прстени ги прават да изгледаат многу поубаво.

Постојат многу приказни кои раскажуваат како дошло до носењето на овие ланчиња, но се верува дека сè започнало како заштитен штит од тигрите кои ги напаѓаат своите пленови така што ги касаат на вратот. Со тек на времето ова се трансформирало во знак за убавина и мода.

 

„Круговите тежат околу 10 килограми. Дамите ме информираа дека процесот се прави низ три фази во животот, за време на детството и тинејџерските години. Дополнителната тежина на нивниот врат не е воопшто болна, но е проблем за нивните колена. Од друга страна пак, овие ланчиња ги деформираат и рамената. Мускулите на вратот стануваат многу слаби и не можат да ја држат главата. Затоа жените ги отстрануваат барем 3 пати во целиот нивен живот“, објаснува фотографот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар